Сите се „маѓепсани“ од жените на фотографија од 70-тите
На популарната фејсбук-страница „Носталгија“ објавена е фотографија од 70-тите години на минатиот век, која навистина буди носталгија и сведочи за естетиката на едно време, и колку е модата, всушност, циркуларна и колку стандардните на убавина се варијабилни и променливи.
Фотографијата брзо стана вирална, собирајќи илјадници лајкови и стотици споделувања и коментари, а повеќето се согласуваат во едно – жените порано биле поубави.
На фотографијата гледаме неколку млади, добро расположени жени во парчиња кои биле исклучително модерни во тоа време – кратки здолништа со големи набори, шарени кошули, како и детали во вид на бисери и свилени марами.
Она што особено го привлекло вниманието се нивните чевли – ако знаете нешто за модата, тогаш знаете дека идентичниот модел е на врвот на популарноста во моментов. Имено, чевлите со платформи на Валентино неверојатно потсетуваат на овие, а станува збор за модел кој ги полуде сите вљубеници во трендовите. Тие ги носат и со чорапи, што исто така е тренд кој се носи веќе неколку сезони, иако често е оспоруван.
Сепак, повеќе од модата, корисниците на социјалните мрежи ги интересирале стандардите за убавина од овој период, кои секако видно се разликуваат од оние кои владеат денес.
„Природно убави девојки и убаво облечени“, „Вака тогаш изгледале сите жени – одмерено и убаво“, „Исклучително природни и женствени“, „Биле многу поубави од денешните девојки кои носат само скапа и „брендирана“ облека“ , „Поубави отколку денес и многу поелегантни…“, „Навистина биле прекрасни во споредба со денешните. Како сите да излегле од еден калап… “, „Убави и без силикони“, „Би сакал да видам такви природни жени денес“, „Замислете ги овие дами во тренерки – не оди“, се дел од бројните коментари.