Тест: Колку години има вашето тело?
Стресот, консумирањето нездрава храна, пушењето и пиењето алкохол негативно влијаат на здравјето и му додаваат години на вашиот организам.
Решете го овој тест и пресметајте колку е старо вашето тело:
1. Со колку пријатели ги споделувате своите проблеми?
– со ниеден (додадете една година)
– 1-3 (одземете половина година)
– со 4 и повеќе (одземете половина година)
2. Колку бажнежи и прегратки добивате неделно?
– ниеден (додадете една година)
– 1-3 (одземете половина година)
– 4 и повеќе (одземете една година)
3. Дали можете да ги допрете прстите на нозете, без да ги свиткате колената?
– без проблем (одземете една година)
– ако се напрегнам (нема промени)
– милиметри се во прашање (додадете половина година)
– ми недостасуваат 3-5 см (додадете една година)
– не сум ни блиску (додадете две години)
4. Какво ви е телото?
– имам проблем со дебелината (додадете 3 години)
– видливо пополнето (додадете 2 години)
– околу 5 кг вишок (додадете една година)
– совршено за мојата висина (одземете година и пол)
– неухрането (одземете една година)
5. Колкав ви е стомакот?
– Од него ништо не се гледа (додадете една година)
– благо заоблен (додадете половина година)
– речиси рамен (нема промени)
– рамен (одземете половина година)
6. Колку често чувствувате силен недостаток на енергија
– секојдневно (додадете две години)
– секојдневно, но само по ручекот (додадете година и пол)
– понекогаш (додадете половина година)
– никогаш (одземете една година)
7. Дали сте пушач?
– Не, никогаш не сум пушел/а (одземете три години)
– ги оставив пред повеќе од 5 години (одземете две години)
– ги оставив пред 3-5 години (одземете една година)
– ги оставив пред 1-3 години (нема промени)
– ги оставив оваа година (додадете една година)
– пушам (додадете три години)
8. Колку алкохол сте испиле во последната година?
– 3 пијалаци или помалку (нема промени)
– 4 пијалаци (додадете половина година)
– 5 пијалаци (додадете една година)
– повеќе од 5 пијалаци (додадете година и пол)
9. Дали имате многу пломби и да ли ви крвават непцата?
– Крвавење и повеќе од 11 пломби (додадете година и пол)
– 4-10 пломби (додадете една година)
– 1-3 пломби (додадете половина година)
10. Дали јадете готова и конзервирана храна?
– сите оброци (додадете 3 години)
– повеќето оброци (додадете една година)
– помалку од половина оброк (одземете една година)
– никогаш (одземете две години)
11. Колку пати неделно се прејадувате?
– повеќе од 7 пати (додадете три години)
– 3-6 (додадете две години)
– 1-2 (додадете една година)
– никогаш (одземете година и пол)
12. Колку често сте настинати?
– 5 или повеќепати годишно (додадете година и пол)
– 3-4 пати годишно (додадете една година)
– 1-2 пати годишно (одземете половина година)
– поретко од еднаш годишно (одземете една година)
13. Дали сте пиеле антибиотици во последните пет години?
– не (одземете две години)
– 1-2 пати (додадете две години)
– повеќе од 3 пати (додадете пет години)
Резултати од тестот
Ако вашето тело има повеќе години од вас: Никогаш не е доцна да преземете нешто во врска со тоа. Промените во исхраната или физичката активност, дури и во 40-тите и 50-тите години, можат да влијаат на здравјето и да ви го продолжат животот. Најголемо влијание имаат исхраната, стресот и вежбањето, па почнете од тие промени.
Доколку сте врсник со своето тело: На границата сте и треба да промените една работа за да ја започнете трансформацијата. Најдобро би било да го промените она што ви додава најмногу години.
Ако телото ви е помладо од вас: Или сте многу совесни кога станува збор за грижата за здравјето или сте едни од оние кои природно уживаат во здравиот живот. На вистинскиот пат сте и само така продолжете.
Дума.мк