Вечерва Андреа настапува – од следната година Македонија можеби нема да учествува на Евросонг!
Вечерва е второто полуфинале на изборот за песна на „Евровизија 2022“, нашата претставничка Андреа Коевска ќе настапи под број 11.
Македонската Радио Телевизија, по инцидентот кој што се случи за време на официјалната церемонија за отворање на „Евросонг 2022“, кога нашата претставничка Андреа Коевска го фрли македонското знаме, детално ги разгледала сите аспекти за евентуалното повлекување на нашата претставничка од Евровизија.
„Таквиот чекор во момент кога сите рокови за повлекување се поминати би предизвикал голема финансиска штета и други санкции кои што не се за занемарување. Имено, со откажувањето би се загрозилo и учеството и отстапувањето на телевизиските права на сите други настани кои што Јавниот сервис ги добива како членка на Европската радиодуфузна мрежа“, се наведува во соопштнието на МРТ.
Во него се додава дека јавниот сервис ќе ги преземе сите законски решенија и дисциплински мерки по враќањето на нашата делегација од Торино, откако членовите ќе ги поднесат извештаите за случувањата на церемонијата.
„Поради негативниот имиџ во јавноста на проектот Евровизија што предизвикува негативен публицитет на МРТ, Уредничкиот колегиум на МРТ ја разгледува можноста од следната година Македонската Радио Телевизија веќе да не учествува на Изборот за песна на Евровизија“, стои во соопштението.