Старица станала од ковчегот на сопствениот погреб!
Објавено на 31 јануари, 2013 во 13:32
Откако нејзините соседи и го исчистиле телото, пред да го стават во ковчегот, мртвата Кинескиња Пенг Сихуа ги отворила очите, се насмеала и се поздравила со сите присутни.
101- годишната Пенг Сихуа се вратила од мртвите и на денот на сопствениот погреб и ги шокирала своите ќерки и сите останати граѓани во градот Шеншуидонг во Кина.
Телото на старицата го пронашле нејзините ќерки, таа немала пулс и не дишела. Ги повикале сите роднини и пријатели да присуствуваат на нејзиниот погреб наредниот ден, пренесуваат тамошните медиуми.Пред да ја стават во ковчегот, старицата ги отворила очите, се насмеала и се поздравила со сите присутни.
Сепак се убаво завршило,присутните направиле прослава со храната наменета за нејзиниот погреб.