Фустан кој „исчезнува“ при сексуална возбуда!
Еден холивудски моден дизајнер креираше линија на високотехнолошки фустани кои стануваат проѕирни кога лицето кое ги носи доволно ќе се возбуди.
Линијата на фустани наречена „Интимност“ ја креираше Дан Роузгерд, основач на компанијата Студио Роузгерд. Проектот е осмислен со цел истражување на врската меѓу технологијата и човечкото тело.
Фустаните кои ги носат имињата „Интимно бело“ и „Интимно црно“, се направени од непроѕирни паметни фолии. Меѓутоа, кога лицето ќе се возбуди и кога бројот на отчукувањата на срцето ќе забрза, фолијата станува проѕирна.
Фолијата е некој вид на комбинација меѓу безжичната технологија, ЛЕД светлата и други материјали.
– Општествената интеракција го одредува нивото на проѕирност на фустаните и креира сензуална игра на разоткривање, пишува на Интернет страницата на компанијата.
Компанијата работи на прототипот на фустанот од 2010 година, а првата линија е креирана за модната писта во Хонг Конг и Париз.
– Следната линија на вакви фустани ќе биде достапна на широката јавност. Исто така, моментално креираме костуми за мажи кои стануваат проѕирни кога лажат, рече портпаролот на компанијата.
{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=cR3AH8BHLCs{/youtube}