На Антартикот откриена огромна колонија на царски пингвини!
Околу 9.000 царски пингвини се откриени на Антартикот благодарение на трагата од измет која експертите ја забележаа на сателитски слики.
Оваа колонија никогаш не се сретнала со луѓе, се додека истражувачите не ги пронајдоа на антарктичкиот брег Принцеза Ранхилд. Британските научници ја забележаа трагата од измет во 2009 година додека ги проучуваа сателитските фотографии на Антартикот но дури изминатиот декември тројца истражувачи од Меѓународната поларна фондација успеаја да ја најдат колонијата.
Алан Ибер, основачот на фондацијата, рече дека пингвините не биле уплашени туку радознали кога ги виделе луѓето.
„ Кога стигнавме тие ни пријдоа за да не видат, не загледуваа и заобиколуваа. Пингвините, посебно царските, неверојатно наликуваат на луѓето,“ рече тој.
{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=k1W1IXey8qc{/youtube}Хјуберт и неговиот тим ги истражувале климатските промени во станиците на Антартикот кога забележале неколку царски пингвини во близина и веднаш претпоставиле дека колонијата е тука некаде околу нив.
„Тимот патуваше преку замрзнатото море околу 50 км и со часови бараше се додека не наиде на толку голем број на пингвини што го натера да помисли дека е на друга планета, “ рече Ибер.
Царските пингвини се најголеми од сите видови на пингвини и единствен вид кој се пари во текот на антарктичката зима./А.Ј
Извор: International Polar Foundation