Луксзен затвор во кој сакате да ве затворат!
Своевремено ова беше место кое луѓето одвај чекаа да го напуштат, но денеска холандскиот затвор Het Arresthuis, кој 150 години влеваше страв во коски, е место во кое сакате да останете. Откако го затворија и доби целосно реновирање и средување, луѓето денеска плаќаат добри суми за да преспијат во поранешниот затвор.
Сто и петте затворски ќелии денеска се претворени во 40 пространи соби, 24 стандардни соби, 12 делукс соби и 4 апартмани, опремени со модерен мебел и шик внатрешен дизајн.
Сите соби се опремени со клима уреди, LCD телевизори, бесплатен безжичен интернет, дури и со кафемати и машини за правење чај.
Хотелот поседува сауна, фитнес центар, маслинова градина со органски растенија.
Het Arresthuis за првпат ги отворил своите врати во 1862 и многу набвргу стекнал репутација на страшен затвор. Години откако бил напуштен, затворот бил повторно отворен во 2002 година, но кон средината на 2007 година бил и официјално затворен. Потоа започнала реконструкцијата и правењето на хотелот.
Het Arresthuis не е единствениот поранешен затвор кој е трансформиран во хотел. После затворањето во 1996 година Oxford затворот бил трансформиран во Malmaison хотел.
{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=6HrJOFJhT1k&feature=player_embedded{/youtube}