Мажите први велат Те сакам!
Судејќи по резултатите од неодамнешната студија во Америка ,тие два магични збора можете да ги очекувате после три месеци врска кога се мажите во прашање.
Сепак со жените е малку поинаква ситуацијата. Верувале или не,на просечен маж потребни му се 88 дена да каже „Те сакам“ а на жените дури 134!
39 отсто од мажите овие два збра ги изговараат во врската што пак важи само за 23 отсто од жените.
Оваа студија наведува дека исто така една третина е подготвена да започне заеднички живот со понежната половина додека 77 отсто се сеќаваат кога и рекле на партнерката дека ја сакаат како и останатите важни датуми во врската.
“Иако со години мислиме спротивно заради втемелените мислења и предрасуди за мажите, резултатите покажаа дека тие во некои моменти се навистина повнимателни од жените“,наведува Џени Трент,една од авторките на студијата./Е.Н.Ј