Забрането за мачки! Во Израел стартуваше кучешки ТВ канал!
Неактивно куче оставено само дома може да направи хаос, како што сведочат сите оние што се вратиле од работа и си ги проначле влечалките раскинати.
Израелска кабелска телевизија се нафати да го реши проблемот со милениците на кои им е здодевно со емитување канал наменет само за кучиња.
Кучешката телевизија која за првпат почна да се емитува минатата година во САД, сега се најде на израелските екрани.
Телевизијата е наменета за кучиња оставени сами дома и емитува комбинација на музика и специјални бои што кучињата можат да ги видат.
Програмата која во Израел се емитува на Канал 39, пред една година започна во Сан Диего и денес е присутна насекаде во Калифорнија.
Сите програми на кучешката телевизија се со должина од 6 минути и се научно дизајнирани да обезбедат стимулација, чувство на среќа и удбност за кучињата кога се оставени сами.
Директорот на Кучешката телевизија Гилад Њуман вели дека кучешкиот канал цели кон намалување на анксиозноста, осаменоста и чувството на напуштеност од кои кучињата страдаат кога сопствениците ќе ги остават сами./Н.Р
Извор: The Independent