Риба со заби уловена на Флорида
Објавено на 26 март, 2013 во 19:16
Необичната риба која има заби што потсетуваат на човечките, ја улови турист од Ирска, на Флорида.
Рибата со латинско име аrchosargus probatocephalus е позната како овча глава. Посебна е по тоа што има вилица полна со заби какви што имаат цицачите.
Рибата што Ирецот ја улови може да достигне должина од 75 сантиметри, а се храни со ракови и школки.