Возбудливо откритие: Откриена е портата на подземниот свет!
Научници успеале да го пронајдат легендарниот влез во подземјето на светот.
Тие велат дека ги откриле портите на подземниот свет, со сите отровни испарувања и слични работи. Некогаш се верувало дека со подземјето т.е пеколот владее богот Плутон а дека влезот во неговиот свет води низ Плутоновата порта.
“Ја пронајдовме Плутоновата порта така што ги пратевме теченијата на термалните извори. Навистина изворите на Памуккале со прочуените бели тераси, потекле од овие пештери, “ вели археологот Франческо Ди Адриа.
Плутоновата порта која сега наводно е откриена во Турција, ја опишал старогрчкиот географ Страбо во првиот век пред Христос. Тој тогаш запишал:” Овој простор е полн со испарувања толку многу влажни и густи така да едвај се гледа земјата. Фрлив врапчиња внатре и тие веднаш паднаа мртви“.
Влезот во подземјето е подеднакво нездрав и денес,со смртоносни испарувања на јаглен диоксид кои излегуваат од пештерите, а во минатото ги натерале луѓето да помислат дека тоа е вратата на пеколот./Б.Н.Т