И жирафите страдаат од несоница!
Животните мораат да имаат квалитетен сон, независно дали станува збор за свињи, кучиња или коњи а тоа колку долго спијат зависи од видот.
Лилјаците успеваат 19 часа дневно да поминат спиејќи, кучињата дремат повеќе од десет часа. Поголем број на животни спие подолго од луѓето значи повеќе од осум часа на ден, пишува Дојче Веле.
Но, жирафите во дивина морат да водат сметка за својата безбедност. Спиењето може да биде опасно ако во близна се наоѓа лав.
„Ако жирафата се чувствува добро и ако има мирен ден,ќе спие дневно околу 4 и пол часови,“објаснува Флоријан Зикс,билог и стручњак за цицачи во Зоолошката грдина во Берлин.
РЕМ фазата од сонот која ја имаат и другите животни како жирафите се однесува на фаза во која се сонува.Тоа значи дека мозокот е активен исто како и во будна состојба. Очите исто така брзо се движат но затоа пак мускулатурата на телото е опуштена .Жирафите своите 4 часа не ги отспиваат во континуитет,тие дремат во продолженија а РЕМ фазите траат максимално неколку минути. Но тоа важи само за жирафите кои живеат во своето приодно опкружување,вели Зикс.
-„Ако жирафата е изложена на стрес РЕМ фазите се многу кратки.Откако жирафите сме ги транспортирале од едно место на друго тие речиси и воопшто не можеле да спијат.Би им биле потребни две до три недели за нормален сон“,смета Зикс.