„Сони“ го лансира најбрзиот интернет-сервис на светот
Компанијата „Со-нет ентертејмент“, зад која стои „Сони“, го лансирала интернет-сервисот базиран на оптички влакна, кој достигнува брзина од 2 гигабајти во секунда, што истовремено е најбрза интернет-врска.
Сервисот наречен „Нуро“ е достапен во домаќинствата и во малите претпријатија во Токио и во шест околни префектури. Аплоудот е малку помал и изнесува 1 гигабајт во секунда, но и тоа е значително повеќе од она што им е достапна на повеќето луѓе во светот, па дури и на работа.
Само за споредба, ултрабрзиот „Гугл фајбр“, интернет-сервис, нуди се на се 1 гигабајт во секунда, и тоа е речиси 100 пати побрзо од просечната интернет-брзина во светот. Сервисот чини 51 долар со договор на две години, покрај цената за инсталација, која изнесува 535 долари./В.Р