Најчести грешки при миење!

Објавено на 4 јуни, 2013 во 10:55

Јасно ви е колку е важно редовното чистење на лицето но постои веројатност тоа да го правите и погрешно. Еве некои од најчестите грешки и корисни совети за да го миете правилно.

Одберете средство кое одговара за чистење на лицето

Тоа би требало правилно да ја исчисти кожата на лицето и да ја подготви за останатите производи за нега на кожата,како што се серуми и креми. Одлучете се за благо средство кое успешно ја отстранува мрснотијата и нечистотијата и не ја остава кожата сува,затегната и надразнета.

Прво рацете

Пред да почнете со чистење на лицето,измијте ги темелно рацете. Не сакате бактериите од рацете да ги пренесете на чувствителната кожа на лицето.

Млака вода

Миењето на лицето со ладна вода за побрзо да ги затворите порите е голема заблуда. Не само дека ладната или топлата вода ќе ја шокира и иритира кожата на лицето туку ќе доведе и до пукање на капиларите на лицето

Внимавајте при нанесување на средствата за чистење на лицето.

Никогаш не нанесувајте средство за чистење на лицето а претходно да не сте го навлажниле лицето. Поголем дел од тие средства се агресивни и треба да се ублажат со вода. Нанесете го средството на прстите и направете сапуница или размачкајте го средството па нанесете го на лицето со благи кружни движења. Така полесно ќе ја симнете нечистотијата.

Измијте и повторете

Ако средството за чистење не го измиете добро тоа ќе ја исуши кожата и ќе ги затвори порите. Лицето мијте го додека целосно не го отстранете средството за чистење. Не заборавете добро да го измиете пределот околу косата бидејќи тоа доведува до иритација на кожата.

А што со крпата?

Крпата која ја користите за лицето мора да биде секогаш чиста и мека.немојте со неа да го триете лицето,бидејќи кожата е чувствителна и преострото триење со крпата може да ја оштети кожата и да предизвика појава на брчки.

Премногу добри работи

Миењето на лице два до три пати дневно е здраво,но за време на чистењето се пореметува природната заштита на кожата што може да предизвика појава на акни илицрвенило на кожата.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.