Компанијата Plastic Whale е првата професионална компанија во светот за ловење пластика
Оваа холандска компанија ве носи на тури по познатите канали, но тоа не е обична прошетка. Во текот на пловењето нема да ја разгледувате околината или да се релаксирате, туку ќе работите. Иако се далеку понапредна нација во секој поглед од многу други и тие се луѓе и како и сите други фрлаат отпад во водата.
Компанијата Plastic Whale е првата професионална компанија во светот за ловење пластика. Нивната цел е да ги исчистат од ѓубрето сите водени површини во светот. Но, не само да ја исчистат пластиката, туку и да ја употребат за нешто корисно.
Кога ќе се качите во чамецот ви даваат мрежа за ловење риби со која ќе го фаќате отпадот што ќе го забележите. Потоа од собраната пластика тие прават ни повеќе ни помалку туку чамци. Истите тие чамци во кои ги возат посетителите на тури по каналите.
Денес компанијата има вкупно 11 чамци направени од пластиката собрана од каналите во Амстердам, а наредната цел им е да се прошират на глобално ниво.