Калифорниското најмало бебе на светот, тешко 245 грама, сега тежи 2,3 кг
Објавено на 30 мај, 2019 во 06:01
Калифорниска болница соопшти за раѓањето на најмалото бебе на светот.
Сејби – девојче помало од 23 см и тешка е само 245 грама кога се родила. Бебето било родено во декември во болницата Шарп Мери Барч во Сан Диего.
Бременоста на мајката била само 23 недели и три дена.
Сејби била пет месеци на интензивниот оддел и во средината на мај е пуштена од болница во добра здравствена состојба и со тежина од околу 2,3 кг.