Убер започна со услуга за превоз во Њујорк
Компанијата ќе им овозможи на корисниците со хеликоптер да бидат транспортирани до аеродромот „Џон Ф. Кенеди“ во Њујорк.
Убер се крева на небото над Њујорк, така што од следната недела ќе им овозможи на корисниците со подлабок џеб со хеликоптер да се транспортираат до аеродромот „Џон Ф. Кенеди“.
Компанијата ја претстави услугата Убер коптер и најави дека летовите од долниот Менхетен ќе бидат достапни на сите корисници почнувајќи од 7 октомври, објави Хина, додавајќи дека Убер таа опција на своите премиум корисници им ја даде во јуни.
Приближно осум минути долгиот лет ќе чини помеѓу 200 и 225 долари по човек и ќе вклучува и копнен транспорт.
Лос Анџелес, Далас, Мелбурн…
Патниците со нив можат да носат помал куфер, а во пресрет на полетувањето ќе гледаат снимка со упатства за сигурност, слична на оние на летовите во авионите.
ЏФК е еден од најголемите аеродроми во САД и од сообраќајниот пренатрупан Менхетен до него потребни се и до два часа, со јавен превоз се стигнува за 50 до 75 минути.
Убер се надева дека нивниот проект Коптер ќе го отвори патот за Убер ер, футуристичка такси служба која ќе превезува патници во електрични авиони со вертикални полетувања и слетувања.
Компанијата планира во 2023 година да воведе воздушни услуги во Лос Анџелес, Далас и Мелбурн.