Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

 fn

Жителите на гратчето Нердлинген, Германија, знаат дека живеат на, според стручните пресметки – 72.000 тона дијаманти, но немаат намера да го урнат цел град за да се збогатат.

Огромниот извор дијаманти под градот во германската покраина Баварија настанал пред 15 милиони години, кога астероид ја погодил Земјата. Геолозите проценуваат дека ширината на вселенското тело била еден километар, баш колку и денешен Нердлинген, а бил тежок околу три милијарди тони.

Ударот ја зголемил температурата и притисокот доволно колку да настане мешавина од стакло, кристали и дијаманти, наречена суевит.

Кога милиони години подоцна пристигнале првите жители, тие не знаеле дека куќите ги градат на драгоцено тло. Со години верувале дека потеклото на кратерите е вулканско се до 60-тите години од минатиот век кога беше потврдено дека станува збор за астероид. Суевитот бил користен како градежен материјал, без луѓето да знаат дека се состои од мали дијаманти.

Па така, градската црква и средновековните ѕидини во Нердлинген се многу повредни од тоа што се чини на прв поглед. Иако количината на дијаманти е огромна, жителите не би можеле да добијат добра цена за нив затоа што се помали од 0,2 милиметри, така што немаат намера да го срушат градот за дополнително да се збогатат.

Меѓутоа, германскиот град профитира поинаку, туристите доаѓаат од целиот свет за да ја видат блескавата архитектура и да го посетат музејот „Рис кратер“, во кој се сместени примероци од кратерот кој е направен од астероидот.

 

 

SEMM baner MK

lifer gif 300x250 Duma

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет во Велес има потреба да вработи:

Техничар  во оддел за  одржување

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • ССС (Електро- техничар,  Машински техничар и др. сродни занимања)
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање на работа со компјутери
  • Со или без работно искуство ( предност имаат кандидати со работно искуство со машини )

Локација : Велес

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на  hrmk@rontis.com  или на адреса: ДПТ РОНТИС  ДООЕЛ Велес  с. Долно Оризари бб, Велес 1400  задолжително со назнака за Техничар, најдоцна до 25/02/2020 година .

 
   
   
   
   

Најново