Најскапа векна леб што чини 1.380 евра
Хуан Мануел Морено е пекар кој дошол до идеја да направи намирница која оди со секој оброк, но по посебен рецепт. Тоа има своја цена, но и клиенти.
Овој леб е многу посебен на многу начини ако верувате на неговиот креатор. Покрај цената, која за секој просечен граѓанин е навистина “лута”, тука се и уникатните состојки кои го прават толку скап. Па така, една векна содржи грам злато и сребро, специјални видови брашно, но и украсна декорација.
Она што е исто така интересно е дека најголем процент од продажбата доаѓа од извозот, па љубителите на овој леб се најбројни од Обединетите Арапски Емирати, Америка, Кина и Русија.
Погледнете го видеото во кое е прикажано производството на најскапиот леб:
https://www.youtube.com/watch?time_continue=2&v=jd2tu0bDuVU&feature=emb_logo