Принцот Џорџ и принцезата Шарлот не одат на училиште поради стравот од корона вирусот на кралското семејство

Објавено: 27 февруари, 2020, во 18:31 часот

decata fin

Приватното училиште во кое одат Принцот Џорџ и принцезата Шарлот ги испрати учениците дома, поради сомневање за корона вирусот. Дејли Меил пишува дека се чекаат наоди за четири ученика .

“Како и сите училишта, потенцијалното ширење на корона вирусот го сваќаме сериозно. Ги седиме владините совети за превентивно делување. Во моментов имаме многу малку ученици кои се тестирани и тие по упатствата на Владата остануваат дома се додека не се добијат резултатите од анализите Сите родители се информирани и редовно комуницираме со нашата школска заедница за да бидеме сигурни дека се упатени во важните информации“, изјавиле одговорните од училиштето во кое учат и децата на Вилијам и Кејт Мидлтон.

Принцот Џорџ во училиште тргна во 2017 година а Шарлот минатата година.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.