Хрватска: Херои – породиле жена во возило на итна помош, па завршиле во изолација и тест за корона
Тим на итната медицинска помош на Жупанијата Загреб синоќа бил испратен кај трудница во Врбовац. Екипата медицинари разбрала дека жената тие денови покажувала некакви симптоми и имала блиски контакти со луѓе сомнителни на Ковид-19, па, за да се избегне поголем ризик, со жената во возилото се упатиле кон Клиничката болницa „Меркур“.
Но, бебето било побрзо. Почнало да се породува кога возилото на брзата помош стигнало пред болницата. На екипата на итната помош и’ се придружила и екипа од болницата, па во 23.15 часот во возилото на итната помош било родено здраво женско дете. Медицинарите веднаш завршиле во изолација, а, за среќа, тестот покажал дека нема коронавирус кај мајката, која, по бурната ноќ, им се заблагодарува на хуманоста на Кристина, Горан и Марко од возилото на итнтата помош и на екипата на Клиничката болница.