Дознавте ли дека Сицилија плаќа половина авионски билет и ноќевање за летување!
17.06.2020
Поради состојбата со коронавирусот, не е сигурно дали сите туристички дестинации ќе ги угостат туристите годинава. Меѓутоа, оние кои, сепак, се одлучиле на тоа, во голема мера почнуваат кампањи и организираат туристички аранжмани, притоа не штедејќи пари.
Планови за привлекување на туристите
Пример за тоа е Сицилија, која има јасен план како да ги привлече туристите. Регионалната влада одлучила да ги сноси трошоците за половина од цената на авионскиот билет, една од три ноќи во хотелот, како и да подари билети за музеи и археолошки наоѓалишта, пренесува Дејли мејл.
Буџетот од 50 милиони евра би требало да ги подмири трошоците откако индустријата изгуби околу милијарда евра во март и во април поради коронавирусот.
Ваучерите за летување би требало да бидат достапни на веб-страницата на туристичката организација на островот.
Во Италија, 13 отсто од бруто-домашниот производ (БДП) доаѓаат од туризмот, па и покрај тоа што е најголемото жариште на коронавирусот во Европа, планира да ги покрене сите сектори на 4 мај, од кога се олеснети мерките. Туристичките организации во голема мера смислуваат начини како да направат социјална дистанца на плажите.