Верување дека оваа е последната епизода од „Том и Џери“!?
18.06.2020
Најсаканиот цртан филм „Том и Џери“ на генерациите на средината на 20-от век, кога и прв пат се појавија на филмското платно.
Обожователите на теориите на заговор веруваат дека на крајот на епизодата емитувана во 1956 година, вечните ривали извршиле самоубиство! И тоа не е се.
Не само што верувале дека епизодата фатално завршува, туку и веруваат дека на овој начин е ставена точка на целиот серијал на цртани филмови за Том и Џери. Во цртаниот филм од 1956 година Том и Џери на крајот доаѓаат до пругата и тажните лица остануваат да седат на шините. Од ваквиот завршеток започна легендата за мрачниот крај на популарниот цртан.
Вистината е дека ова не е последната епизода, имаше уште многу брканици помеѓу мачката и глушецот во тек на наредните години. А, и во сподната епизода Том и Џери седат разочарани на шините затоа што Том го остави девојката заради другата мачка, а Џери, неговата девојка пак среќно се вози во автомобил со некој глушец на кој пишува „штотуку венчани“
Епизодата погледнете ја тука.