Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

volkcinja fin

20.06. 2020

Среќата не може да се опише кога ќе се спаси живот, особено кога исходот на постапките е неизвесен до самиот крај и не зависи само од нас. Уште повеќе затоа што станува збор за животот на диви животни, кои во Македонија се третираат како закана, опасност, нешто што смее /се поттикнува да се убие, стои во соопштението испратено до медиумите од „Анима Мунди“.

„Среќни сме да ве информираме за спас на три младенчиња волци и јавно се заблагодаруваме на Државниот инспекторат за ловство – орган кој без исклучок , секогаш професионално и навремено постапува по наши пријави; пред сè благодарност до инспекторите Зоран Вуиќ, Петар Џима и Ромео Саздановски како и на граѓаните кои ни го пријавија овој случај, давајќи ни доволен број конкретни информации за да може да постапиме. Потврдуваме дека волчињата се на сигурно“, информираат од „Анима Мунди“.

Волкот е богатство на нашите шуми и планини, совршенство на природата, интелигентно, храбро, верно животно кое гради силни социјални врски (живот го минува најчесто во моногамна врска со еден партнер, се грижи и до две години за своите младенчиња) и не е никаков штетник! Бараме итно да се укине таквиот срамен статус кој го има во Македонија, со кој како вид го доведовме до раб на истребување.

Штетници не се волците туку оние кои ги гонат, деградираат нивните живеалишта, им упаѓаат во животната и природна територија наоружани до заби и кои ги убиваат или одземаат нивните младенчиња од забава и за профит, стои во соопштението од „Анима Мунди“.

 

 

SEMM baner MK

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

С О О П Ш Т Е Н И Е  З А  Ј А В Н О С Т

            Општина Велес ја информира јавноста дека, третото авионско тертирање против комарци ќе го изврши на ден 14 август (петок) 2020 год. во периодот од 0500 до 0630 часот. Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање истото ќе се изврши наредниот ден, 15 август (сабота) 2020 год.

            Границата, на третирањето е: Езеро Младост, с. Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од с. Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и с. Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и с. Горно Оризари.

Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.

Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.

           

                                                                                    Градоначалник

                                                                                    на Општина Велес,

                                                                                    Аце Коцевски

 
   
   
   
   

Најново