Шумска свадба на Норвежанка и Швеѓанец (ФОТО)
25.07.2020
Норвежанката Камила Ојорд и Швеѓанецот Александар Клерн се венчаа на границата меѓу своите земји, почитувајќи ги сите мерки во борбата против КОВИД-19.
Бидејќи Швеѓаните и Норвежаните не можат да патуваат, оваа двојка, не сакајќи да го одложи закажаниот датум за свадба, реши да го каже судбоносно „да“ во сосема необични околности и место.
Невестата и младоженецот стоеа секој во својата држава, а меѓу нив беше поставена бела лента.
Парот за Би-Би-Си изјави дека веќе не можеле да чекаат на одлуката за укинување на ограничувањата, а интересно е и тоа што невестата на шега ја предложила таквата идеја, а семејството и пријателите ја прифатиле со воодушевување.
„Не сакавме да го смениме претходно закажаниот датум. Сакавме да се венчаме“, ијавиле тие.
Со оглед на тоа што Шведска имаше многу пофлексибилен пристап во борбата против коронавирусот во споредба со другите европски земји, соседните земји како Норвешка ја изоставија од списокот на земји во кои може да се патува.
Младоженецот за медиумите изјавил дека ниту тој ниту неговата избраничка не очекувале дека некој од нивните блиски пријатели ќе присуствува на церемонијата, со оглед на тоа дека до тоа место може да се стигне само по долг шумски пат.
На крајот, двајцата беа воодушевени од бројот на гости на својата „шумска” свадбена церемонија за склопување на брак.
Меѓу непоканети гости имало и двајца полицајци, кои се грижеле никој да не ја премине границата.
„Полицијаците љубезно не праша дали може да присуствуваат на свадбата. Секако дека се согласивме на тоа“, рекоа младенците.