Погледнете како изгледа импресивен комплекс со стадион од 5 милијарди долари
“SoFi” стадионот во Лос е речиси готов, а сега се појавија фотографии и видеа од фантастичното здание кое ја носи титулата – најскап стадион на светот.
Имено, новиот дом на двете NFL екипи, Лос Анџелес Рамс и Лос Анџелес Черџерс заедно со останатата инфраструктура чини вртоглави 5 милијарди долари, од кои само 2,6 милијарди се потрошени на стадионот.
Стадионот е централен дел од комплексот Холивуд Парк во чиј склоп има и сала со капацитет од 6 илјади места, згради со 18 илјади метри квадратни деловен простор, казино и секако, огромен паркинг простор.
Самиот стадион има капацитет од 70 илјади места, кои можат да се прошират на 100 илјади. За жал, поради пандемијата на коронавирусот, извесно е дека првите гледачи нема да ги прими пред 2021-ва година.
Идејниот проект на Холивуд Парк стадионот го направи познатата компанија “HKS Achitects” чии архитекти веќе имаат проектирано голем број на стадиони и спортски сали ширум САД. Градежните работи започнаа во 2016-та година, а стадионот ќе биде подготвен за новата NFL сезона.
Тука погледнете како изгледа стадионот.
Извор:tocka.mk