Парк во Тајланд враќа смет на посетители и ги казнува со 16.000 долари
18.09.2020
Посетителите на националните паркови во Тајланд можат кратко по враќањето дома да примат пакети во кои управата им го испраѓа сметот што го оставиле зад себе.
После бројните посетители кои минатиот викенд зад себе оставија купишта смет во Националниот парк Као Јаи близу Бангкок, министерот за животна средина Варавут Силпа-арча се досетил како ѓубрето да им го врати на сопствениците преку пошта.
„Го собравме вашиот смет и подготвивме картонска кутија и ви го испраќаме дома. Ова треба да ве подучи дека никогаш повеќе не треба да фрлате ѓубре“, стои во пораката приложена во пакетот.
Камперите кои по доаѓањто се пријавуваат во управата на Националниот парк па многу лесно може да се дознае нивната точна адреса и локацијата на нивните шатори покрај кои е оставен отпадот.
Несовесните кампери покрај кутијата со смет ќе добијат и пријава од локалната полиција поради кршење на прописите за националните паркови, пишува порталот Таигер.
„Сметот може да биде опасен за животните како срните ако го изедат и се обидат да го сварат пластичниот отпад кој луѓето го оставаат зад себе“, објаснува Нарин Пинсакул од Националниот парк Као Јаи.
Министерот Варавут на својата страница на Фејсбук постави фотографија од празни шишиња и кесички од грицки подготвени за испраќање по пошта.
Загадувањето на околината со смет е казниво со затвор до пет години или глоба до 500.000 бахти (16.000 долари), според тајландскиот закон за заштита на животната средина.
Националниот парк Као Јаи е отворен во 1962 година и е најстар национален парк на Тајланд. Со своите водопади, како и импресивниот растителен и животински свет на повеќе од 2.000 километри квадрати се смета за еден од најубавите парковите во оваа држава во југоисточна Азија.