Милионер од Обединетото Кралство е сопственик на банка што не му дала заем кога бил сиромашен
Кога РБС во Урмстон, Манчестер, му го одзеде заемот од 10.000 фунти, во 2002 година, со образложение дека нема доволно искуство , Адам Деринг (39) штом се збогатил ја купил банката.
Својата прва фирма ја издигнал буквално од дното, бидејќи немал пари за маса и столови, но со неговата решеност изградил силна компанија за управување со долгови, која ја продал во 2014 година за пет милиони фунти.
Тој сега управува со пет големи компании и одлучил да ја купи зградата на банката, што го чинело 450.000 фунти.
“Се откажав од работата како 21-годишен трговец затоа што знаев дека можам да започнам успешен бизнис, но немав пари, па побарав заем. Им презентирав сеопфатен деловен план и побарав 10.000 фунти, но менаџерот на банката не ме сфати сериозно. Сметаше дека сум млад и неискусен и тие не сакаа да ризикуваат. Бев скршен, мислев дека сè е готово, но одбив да се откажам “, се присетува Диринг за одбивањето.
Деринг на 14-годишна возраст бил исфрлен од училиште затоа што уништил автомобил. Потоа се приклучил на Кралското воено воздухопловство, но брзо се откажал бидејќи имал проблеми со алкохол. Се вратил во Урмстон каде постојано менувал работни места.
Со помош на соседот Крис, добил мотивација да најде работа. Деринг се вработил во компанијата за финансиско управување, а потоа решил да започне сопствен бизнис.
Денес, тој им помага на многу компании да ги организираат своите финансии, а исто така станал и мотивациски говорник, пренесува Daily Mail. Тој планира да ја реновира зградата на банката и да и даде нова намена. Ќе гради осум апартмани и трговски центар во неа.
„Купувањето на оваа банка беше начин за да ја заокружам целата приказна и тоа покажува дека бев во право кога верував во себе“, рече тој.