НАСА објави дека астероид ќе помине покрај планетата Земја
Објавено на 28 октомври, 2020 во 10:49
28.10.2020
Американската вселенска агенција НАСА објави дека астероид ќе помине покрај планетата Земја на 2 ноември.
Како што се наведува, дијаметарот на астероидот со ознака „2018VP1“ е нешто помалку од два метри, а се проценува дека неговото влијание врз нашата планета најверојатно ќе биде мало.
Си-Ен-Ен истакнува дека интересно е што тој ќе помине покрај Земјата еден ден пред претседателските избори во САД, кои се потресени од последиците од пандемијата на вирусот корона, граѓанските немири и длабоките политички поделби.
Сепак, експертите од НАСА пресметале дека веројатноста астероидот да ја погоди Земјата е 0,41 процент.