И ова се случува: Во САД избраа куче за градоначалник !
Иако очите на светот сеуште се вперени во трката за Белата куќа и Конгресот, во исто време граѓаните на мал американски град во Кентаки избраа куче за градоначалник.
Ова не би било новост ако градоначалниците на Ребит Хеш не се секогаш кучиња.
Францускиот булдог Вилбур Бист победи во трката за градоначалник со 13.143 гласа, што го прави најпопуларен градоначалник на градот. Одзивот беше рекорден со 22,985 гласови.
Бист не е првото куче на тоа место, бидејќи сите градоначалници на Ребит Хеш биле кучиња од 90-тите години на минатиот век.
Гласањето се одвива на начин со запишување на името на кандидатот за кој граѓаните гласаат на гласачкото ливче, а потоа донираат долар за историското здружение на градот.
Првиот избран градоначалник во историјата на Ребит Хеша, бил посвоен мегавец по име Гуфи Борнеман Калхун.