Претседателот на Туркменистан подигна златен споменик на куче

Објавено на 14 ноември, 2020 во 13:02

 на Туркменистан подигна златен споменик на куче

14.11.2020

Претседателот на Туркменистан е ставен на критика на јавноста откако подигна златен споменик на куче во услови кога државата се наоѓа во тешка здравствена и економска криза.

И додека Туркменистан, како и целиот свет, се бори со кризата поради пандемијата, во главниот град Ашгабат осамна споменик висок 6 метри.

Средноазискиот овчар, попознат како алабаи, е национален симбол на Туркменистан и не е првпат претседателот Гурбангули Бердимухамедов да ѝ посвети нешто на оваа раса. Имено, минатата година тој му посвети една книга на своето омилено куче.

Величествениот споменик е подигнат во делот на градот каде што живее претежно сиромашно население и никој не знае колку чинела неговата изградба.

Претседателот во повеќе наврати ја искажал својата љубов кон туркменските коњи, а колку е приврзан за нив, можеби најдобро покажува друг златен споменик, на кој е претставен како јава на ахал-теке. Споменикот е откриен во Ашгабат во 2015 година. Бердимухамедов честопати на водачите на пријателските земји им подарува ждребиња од туркменски коњ, како и кутриња од средноазиски овчар.

Владимир Путин, кој е познат како голем љубител на кучиња, исто така своевремено доби подарок од оваа раса на кучиња, пренесува Гардијан.

 

Мите Јаначков

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.