Најопасни плажи на светот!
Песочните плажи, тиркизното море и зелените палми се магнет за туристите, но некои плажи освен што се атрактивни се исто така и опасни по животот!
1.Мексиканската плажа Зиполите
Оваа плажа е рај за сите хипици кои не сакаат гужва. Убавината на оваа плажа можеби ќе ве занесе, но нејзините огромни и опасни бранови можат да бидат фатални. Ниту најискусните пливачи не можат нормално да пливаат, а покрај тоа што можете да се задавите, брановите можат да ве фрлат на големите карпи кои излегуваат од морето.
2.Хавајската плажа Ханакапиаи
Поради недостатокот на големите гребени, силните морски струи нема со што да бидат смирени, што претставува голема опасност за пливачите. Само во 2008-та година на таа плажа се задавиле 82 луѓе. Опасност постои дури и ако шетате во близина на водата, бидејќи брановите толку се големи што можат да ве повлечат и однесат.
3.Бразилската плажа Боа Виагем
Оваа градска плажа која се наоѓа во „Бразилската Венеција“ е една од најпосетените, а популарна е поради бројот на нападите на ајкулите.
4.Северна плажа на Флорида Shired Island
Оваа плажа е опасна по здравјето на капачите поради нечистотијата. Позната е како една од најзагадените американски плажи. Капачите се изложени на ризик од инфекција на дишните патишта, проблеми со желудникот, хепатитис и болести на кожата и други.
5.Австралиската северна и источна плажа
Иако е позната по убавите плажи, Австралија е позната и од разните опасни животни. Покрај ајкулите, опасните морски струи навлекуваат и медузи. Но, не било какви, туку оние кои во себе имаат доволно отров да убијат дури 60 луѓе. Од 1954-та година, забележани се 5.568 смртни случаи./Б.Н.Т