Дневен хороскоп за 2. јули

Објавено на 2 јули, 2021 во 10:17

Овен

Имате големи амбиции, сакате сѐ да биде по ваше. Можеби ќе успеете и без ничија поддршка, а може да се случи лесно да станете товар на некого. Постои голема веројатност да ги влошите односите со партнерот. Ако бидете прибрани, ќе ја зачувате работата и угледот. Инвестирајте во нешто што во овој момент ќе ви се исплати.

Бик

Ќе имате вистински баланс за уживање и љубов, а осoбeно во конкретни ситуации. Оние што се во врска ќе бидат многу задоволни. Денес правилно ќе сe поставите, зашто ќе знаете да ги испочитувате не само строгите правила, туку и човечките потреби. Со тоа сознание полесно ќе работите и дејствувате на секое поле.

Близнаци

Не сте подготвени за промени во деловното поле. Можно е да одбиете некоја понуда но во овој момент ви е најважно да ја задржите работата што ја имате. Склони сте кон депресија, тешки емоции, денес едноставно не е вашиот ден. Интуицијата никогаш не ве напушта. Нервите ви се малку напнати, опуштете се.

Рак

Потребни ви се мир и тишина и време да се фокусирате само на себе. На работното место знаете што треба да направите ако сакате да се придвижите напред. Ако сте во врска, ќе немате многу време за партнерот. Обидете се барем вечерта да ја поминете заедно. Тој има големи планови, во кои сака и вас да ве вклучи.

Лав

Очекувајте поволен период во кој ќе можете да ги решите деловните проблеми што ве оптоварија. Вие сте искрени со личноста што ви се допаѓа и се надевате дека ќе возврати. Може да очекувате период во кој ќе посакате поголеми промени и важни одлуки со саканата личност. Ќе блескате од среќа за секое постигнување.

Девица

Влијателна личност го има насочено погледот кон вас, импресионирајте ја. Покажете ги вашите таленти, со жар во очите зборувајте за вашите амбиции и за проектите кои сакате да ги реализирате. Ќе ве изненади понуда како од соништата. Работата нема да ви носи само финансиски награди, туку и емоционални.

Вага

Вашата финансиска состојба треба да се подобри. На ова поле, судбината сега е во ваша полза. За вас не е лесно отворено да ги покажете своите чувства затоа што на некој начин сѐ уште се плашите од одбивање. На љубовно поле, ситуацијата не е мирна. И вие и партнерот не сте задоволни од вашата врска.

Скорпија

Може да очекувате да бидете задоволни од состојбата на работа. Вие не планирате промени. Малку сте инертни, без амбиции. Саканата личност ви покажува колку ѝ значите. Ако сте сингл, надевајте се на сериозна врска во следниот период. Личноста која ве интересира ќе покаже дека сака иднина со вас.

Стрелец

Имате мотивација да работите напорно. Сакате да напредувате во бизнисот. Имате големи очекувања, но денес не ви го носи подобрувањето на кое се надевате. Пред вас е фаза што носи дополнителна искреност помеѓу вас и саканата личност. Ѝ покажувате дека навистина се грижите за нејзиното мислење.

Јарец

Потребна ви е пауза од сè што се случува околу вас, па ако сте во можност, поминете го денот надвор од работното опкружување. Ќе решите сериозен проблем, но само ако работите сами. На емотивно поле ќе бидете во искушение да споделите тајна со партнерот, но добро размислете дали тоа е вистинскиот чекор.

Водолија

Потребна ви е помош за да ги решите деловните дилеми што ги имате. Уживате во слободата што ви е дадена во врската со саканата личност. Не сакате љубомора и посесивност во врските. Вашиот авторитет е на својот врв, она што го зборувате денес, другата страна ќе го разбере на најдобар можен начин.

Риби

Полни сте со идеи со што ја исполнувате вашата околина. И покрај тоа што сте омилени во друштвото, понекогаш станувате заморни затоа што премногу зборувате. Брзината со која се изразувате пред другите луѓе делува површно, затоа советот за денес е да зборувате помалку и да работите повеќе.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.

MIT License