(фото и видео) Светна најголемиот видео екран во светот
Извонредното концертно место на компанијата „МСГ“ (MSG) во Лас Вегас, кое ќе биде наскоро отворено, беше премиерно прикажано на 4 јули, Денот на независноста во САД.
Спектакуларниот приказ на најголемиот видео екран на светот наречен „Сфера“, го трансформираше хоризонтот на Лас Вегас со неговата заоблена лед површина од 580.000 квадратни метри, пренесува „Њујорк пост“.
„Сфера“, официјално му кажа „Здраво на светот“ за време на низата блескави огномети и анимации пред да почне да прикажува кристално чисти подводни сцени. Ова се планира да биде концертно место со капацитет од 20.000, кое првично имаше буџет од 1,2 милијарда долари.
„Сфера е повеќе од екран или билборд – таа е жива архитектура и различна од сѐ што постои насекаде во светот“, рече Гај Барнет, задолжен за стратегија и креативен развој на брендот.
„Шоуто обезбеди увид на волшебната моќ на ‘Сфера’ и можностите отворени за уметниците, партнерите и брендовите да создадат привлечни и влијателни приказни и да се поврзат со публиката на нов начин“, додаде тој.
„Сфера“ се состои од околу 1,2 милиони лед екрани, секој со 48 диоди што емитуваат светлина, сите раздалечени на 20 см една од друга. Секој од нив може живописно да прикаже над 256 милиони различни бои, како што велат од компанијата „создавајќи живописно ново обележје на хоризонтот на Лас Вегас“.
„Извонредните искуства што можеме да ги создадеме се ограничени само од имагинацијата, а ние сме воодушевени што конечно ќе го споделиме со светот спектакуларниот потенцијал на овој видео екран“, додаде Дејвид Хопкинсон, претседател и главен извршен директор на „МСГ“.
Во текот на претстојните месеци и пред вечерта на отворањето на 29 септември со премиерното шоуто на „Ју 2“ (U2), ќе се произведуваат повеќе светлосни дисплеи за публиката во Лас Вегс, која брои околу 40 милиони луѓе годишно.
За време на трката за Големата награда на Формула 1, во Лас Вегас во ноември, „Сфера“ исто така ќе ја прикажува трката за сите попатни минувачи.
Дума.мк