Хороскопот и пријателите!
Астрологијата може да ви помогне да откриете дали е некој добар и верен пријател, дали е забавен или пак е злопамтило.
Овен
Тој е импулсивен, жесток и правдољубив, па затоа секогаш ќе притрча на помош кога е некој во неволја.
Бик
Бикот е доверлив, верен и посесивен. Кога некому ќе му стане пријател, тоа е засекогаш, но немојте да му се замерите раскажувајќи за некои други и подобри пријатели од него, бидејќи тоа нема да му биде баш драго.
Близнаци
Иако имаат доста пријатели, близнаците главно се потпираат на самите себе. Тие секогаш имаат неверојатно логични и прифатливи решенија за оние кои бараат помош од нив. Интересно им е и забавно да контактираат со луѓето и тоа го прават лежерно и неусилено. Близнакот е добар пријател, но и опасен непријател.
Рак
Ракот никогаш нема да ви даде до знаење дека сте му потребни, туку ќе очекува да прочитате помеѓу редови каков проблем го мачи. Тој е големо злопамтило и доколку не му помогнете кога нему му е потребно, тој ќе чека момент кога ќе ве потсети на тоа. Поради променливото расположение, ракот е несигурен како пријател.
Лав
Лавот сака да им помага на другите бидејќи е великодушен, а му се допаѓа и благодарноста на луѓето. Тој повеќе сака да помогне, отколку самиот да зависи од нечија помош, па дури таа помош да е и од добри пријатели.
Девица
Девицата тешко можете да ја изненадите доколку ѝ се пожалите за неправдата што ви е сторена. Таа е секогаш спремна да се справува со неволјите, рационално гледа на нештата и со логика и објективност ги поставува работите на свое место. Девицата е непроценлива како пријател.
Вага
И покрај тоа што делува површно, вагата е голем пријател. Личноста родена во овој знак знае да сослуша, но не ѝ е баш драго да побара помош од пријателите.
Скорпија
Скорпијата никому не му е потребна како непријател, но ако ви е пријател, тогаш сметајте на безгранична посветеност. Доколку на скорпијата ѝ доверите некоја тајна, тоа оваа личност никогаш нема да го злоупотреби. Ако ја изневерите или разочарате, тогаш лошо ви се пишува.
Стрелец
Стрелецот е голем пријател, но внимавајте да не му се замерите, бидејќи може да ви се освети. Тој секогаш го зборува тоа што го мисли и е склон кон елитизам, па за пријатели бара некои слични на себе.
Јарец
Кај јарецот морате да поминете низ тестови и проверки за да му бидете пријател. Кога ќе побарате помош од него, тој ќе биде многу срдечен и полн со разбирање, но ако се случи да го „раскине“ пријателството со вас, тоа е засекогаш. Тој никогаш нема да заборави доколку го изневерите или излажете.
Водолија
Кога станува збор за нејзините пријатели, водолијата секогаш ќе најде оправдување, а пријателствата ги склопува лежерно и ноншалантно. Припадниците на овој знак ќе им помогнат на пријателите и потоа исчезнуваат, а благодарност не ни очекуваат, бидејќи се великодушни.
Риби
Рибите се родени психолози, па затоа нема подобро рамо за плачење од нивното. Тие се чувствителни и полни со разбирање и точно можат да ги почувствуваат сите ваши потреби. Кога пријателите ќе ги повикаат на помош, тие секогаш имаат време за тоа.
