Каква долна облека сакаат хороскопските знаци?
Астрологијата може да ви помогне да ги откриете вашите тајни, карактер, вклучувајќи и каква долна облека сакате.
Овен
Овните сакаат да доминираат, заведуваат едноставно и директно. На жените им одговара долна облека не многу комплицирана, која лесно може да се облече , но и соблече. Црвената боја е доминантна кај овој знак.
Бик
Биковите најчесто имаат убави облини на телото, па затоа сакаат провокативна долна облека. Нивната долна облека треба да открие доволно, но не и премногу.
Близници
Припадничките на овој знак сакаат лесна проѕирна долна облека. Нивната долна облека не открива премногу, но еден дел од телото е секогаш нагласен. Нивната долна облека истовремено треба да биде и слатка и секси. Тангите се чест избор на овој знак.
Рак
Раковите обожаваат заведување, па изборот на долна облека им е компетентен со нивната желба. Нивната идеја за заведување е многу женствена, понекогаш традиционална, но секогаш секси. Нив им треба долна облека која е сексипилна верзија на стандардните парчиња.
Лав
Како огнен знак лавовите секогаш сакаат драматично изразување, и отворено го покажуваат својот сексипил. Нивната долна облека е упадлива и дефинитивно привлекува внимание.
Девица
Девиците сакаат женска скромност, но ја покажувуваат на многу интересни начини. Нив им одговара традиционална долна облека, со додатоци од современи парчиња.
Вага
Вагата ќе направи се за да ја покаже својата заводлива страна. Оние сакаат висока класа и елеганција, па затоа секогаш бираат сакапа долна облека.
Шкорпија
Припадничките на овој знак се многу мистериозни, и ги држат своите тајни што е можно подолго. Нивната долна облека има неколку слоеви и копчиња, и многу бавно се соблекува.
Стрелец
Овие жени сакаат да бидат спремни за секоја ситуација, па затоа идеален избор е спортската долна облека. Они бираат квалитет пред тренд, па сакаат долната облека да им биде удобна. Идеалната долна облека се спортските градници и јога гаќичките, што на нив изгледаат многу опуштено, а за нив опуштеноста е секогаш секси.
Јарец
Длабоко во своето срце јарците знаат дека најдобрите работи вреди да се чекаат. Па затоа нивниот избор најчесто се темели на корсети кои не се соблекуваат лесно. Припадничките на овој знак обожаваат чипка.
Водолија
Припадничките на овој знак сакаат да ги шокираат луѓето, Они сакаат авангардност и истражување, па на нив ретко ќе видите традиционална долна облека. Они секогаш избираат парчиња кои треба да го шокира партнерот.
Риби
Они имаат детски дух и имагинација, па од својата долна облека може да изработи цел филмски костим. Нивната облека креира излузија и потикнува фантазијата.