Цвеќињата во хороскопските знаци!

Објавено на 6 декември, 2012 во 12:45

Секој хороскопски знак има свои заштитници, симболи. Откријте кој цвет, односно билка е симбол на вашиот астроллошки профил.

 

Овен – Глог

Овните се карактеризираат со импулсивен карактер, огнен и авантуристички дух. Нивната планета е Марс. Имаат огромна физичка енергија, така што нивнот симбол е глог.

 

Бик – Ружа

Според легендата, црвената ружа настанала кога Венера ( заштитник на знакот Бик) се боцнала на трн од од ружа, а нејзината крв ја направила црвена. Ружата е симбол на љубовта.

 

Близнаци – Зумбул

Меркур, најбрзата планета во зодијакот, владее со овој шармантен знак. За него е одбран зумбулот како заштитен симбол, бидејќи неговите светци зрачат со енергија и свежина.

Рак – Крин

За сите водени знакови, како и за Раковите, познато е дека се големи сонувачи. Обожаваат да живеат во спомени. Нивната заштитна планета е Месечината, а симбол – кринот кој лебди на вода.

 

Лав – Сончоглед

Цветот кој најмногу сака Сонце е најубав баш во Август кога владеат Лавовите. Со нивните величествени портокалово-жолти цветови тешко некој кој може да му одолее.

 

Девица – Бел крин

При изборот на цветот за знакот Девица, чија заштитна планета е Меркур, нај пресудни биле карактеристиките чистота, скромност, верност – цветот на белите кринови се совршен симбол на чистота и нежност.

Вага – Лале

За Вагите велат дека имаат убав изглед и добри движења. Во емотивниот живот се прилично ранливи и чуствителни , а лалето може најдобро да ги претстави, бидејќи е со високо и тенко стебло, нежни ливчиња и симбол на елеганција.

 

Шкорпија – Кала

Шкорпиите се заштитени од страна на Плутон,планета со психичка еволуција, секс и мистериозност. Сите тие карактеристики најдобро ја претсавуваат Калата. Цвет кој е со крива форма, која делумно го крие а делумно го покажува своето срце.

 

Стрелец – Фресија

Личностите родени во овој знак се карактеризираат со идеализам, романтика и детско однесување, а сето тоа бидејќи се родени под заштита на Јупитер. За нив е одбран цветот фресија, по потекло од Јужна Африка. Тој со своите мали и разнобојни ливчиња симболизира желба за рамноправност.

 

Јарец – Арника

Членовите на овој знак се традиционалисти, баш како што е нивниот заштитник Сатурн. За нивен симбол е одбрана Арниката која во ладните климатски услови успева да преживее.Од неа се добиваат средства за ублажување на реума, од кои Јарците често боледуваат.

Водолија – Мимоза

Владетел на овој знак е Уран, а негова главна карактеристика е независноста. Всушност баш Мимозата е симбол на аманципација и слобода, па е сосема логично што баш таа е симбол на Водолијата.

 

Риби – Кокиче

Со Рибите господари Нептун, бог на морето, а кокичето е негов симбол избрано е само поради тоа што цвета за време на владеењето на овој хороскопски знак и поради својот изглед кој предизвикува чуства кои се типични за Рибите: нежност и чуствителност.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.