Стилски хороскоп!
Некој чита хороскоп да добие совет за кариера, здравје или љубов, но дали знаевте дека астолошкиот знак може да ви послужи како водич да го пронајдете вашиот совршен стил?
Прочитајте го овој хороскоп и погледнете за каква облека сте родени…
Овен
Некои жени се тивки, романтични типови, а пак другите сакаат да владеат со светот. Амбициозните припаднички на овој знак секако спаѓаат во втората категорија. Оваа девојка не сака шарена облека преполна со детаљи, прво би се одлучила за класичен костим, во комбинација со кошула. Нејзините модни додатоци се класични, едноставен саат или актовка.
Бик
По природа се сензуални, овој тип на девојка ги обожава парчињата облека направени од крзно, свила или кашмир. Кај неа само квалитетот доаѓа во предвид. Ќе купи едно скапоцено парче отколку многу други модерни парталчиња, нејзиниот врат и е ерогена зона, синџирчето и е совршен моден додаток.
Близнаци
Девојките од овој знак се неверодостојни кога се работи за модата (и за момчињата) и го менуваат својот стил константно. Да се биде во тренд и да имаат облека во боја која во моментот е во тренд за нив е најбитно. Нејзиниот главен извор на одбирање облека се модните списанија и често ќе ја замени удобноста за добриот изглед (покрај болките во нозете, за нив совршен изглед е изглед на штикли). Идеален додаток им е шарен накит-оваа девојка едноставно сака бои.
Рак
Кратки здолништа и длабоко деколте е ок, но не и за скромниот Рак кој ја знае моќта на женственоста. Таа сака романтика, облека од тантела, свила и сатен – се што потсетува на минатото, се што е отворено, лесно и проѕирно, како отсјајот на месечината. Таа се врзува за минатото па затоа секогаш нејзин избор е накит-антиквитет.
Лав
Дали на некоја забава или пак обична прошетка, Лавицата инстиктивно се однесува исто. Таа дефинитивно не е мирна, скромна, склона е на драматичност, избира се што е упадливо, животински принт и волуменозен накит кој едноставно не можете да го игнорирате. Голем љубител е на луксузот и затоа не штеди на изгледот, во нејзиниот орман се наоѓаат многу дизајнирани парчиња.
Девица
Оваа жена е секогаш складна. Ја фаворизира облеката која е усмерена и едноставна. Ретко се занесува по моменталните трендови. Голем перфекционист кој придава големо внимание на деталите. Секогаш бара квалитет, во изработка на накит, чанта или чевли.
Вага
Никој не ужива повеќе во својата женственост од вагата. Таа секогаш флертува, со што својата гардероба ја користи како оружје, бирајќи го секси чик стилот. Секогаш е дотерана, нејзиниот стил секогаш е надополнет со мала женствена чанта која го истакнува нејзиниот шарм. Избира најчесто пастелни бои и никогаш не греши. На оваа девојка и треба многу облека затоа што не пропушта ниедна забава.
Скорпија
Најзаводливиот знак, мистериозната шкорпија сака секси облека но паметно ја комбинира, така да не открива многу – таа знае дека понекогаш што помалце се гледа тоа е подобро. Провокативните парчиња облека се како скроени за нејзе, како матил, кратки чизми и големи очила за сонце.
Стрелец
Немирните стрелци сакаат да патуваат и никогаш ен се задржуваат на исто место предолго. Енергична и скромна таа секогаш бира облека во која се чуствува удобно, нејзиниот стил може да се карактеризира како спортска-елеганција. Џинс е идеалниот избор за нејзе во комбинација со спортска јакна. Авантуристичката природа се приметува и во нејзиниот избор на накит, секогаш нејзин избор е рачно изработен накит.
Јарец
Другите нека ги пратат трендовите. Оваа жена знае дека класиката никогаш не излегува од мода. Неа другите работи и се поважни од моменталната мода. Најчесто комбинира стари добри парчиња облека со трендовски едноставни парчиња. Обично се редизајни на некои модни класици од модниот свет.
Водолија
Неконвензионалната водолија е полна со самодоверба, затоа таа може да носи се, самата е свој креатор. Нејзиниот стил е микс од повеќе стилови и тоа ја прави единствена. Никогаш не се знае што и е инспирација, накитот кој го носи е различен, особено сака различни стилови на обетки, ланчиња, обично ги комбинира сите заедно.
Риби
Карактеристиката на рибите е слободниот дух. Нејзината облека ја рефлектира нејзината сензуалност, мечтателната природа. Таа сака широка облека како на пример туника или долг фустан. Романтичарка која поседува артистичка душа го сака накитот кој е нежен и романтичен.
