Хороскоп рекреација!
Неодлучни сте кога е во прашање изборот на рекреација?
Погледнете го нашиот астролошки советник, кој спорт ви одговара, според вашите ѕвезди и вашиот хороскопски профил.
Овен
Импулсивен, динамичен, безстрашен, обожава конкуренција и победа. Овновите се родени за боречки спортови, им се препорачува карате, бокс или кик-бокс.
Бик
Биковите имаат силна волја, потготвени се да ја надминат секоја пречка, ако треба и по сто обиди но ќе стасаат до замислената цел. Тренерите ги обожаваат овие спортисти, а најдобри резултати псотигнуваат во борба со штоперица – трчање на кратки стази и со пречки, како и пливање.
Близнаци
За Близнаците се вели дека се дволични. Можат да работат повеќе работи истовремено, па за нив вистински спорт бил бил голф или пак билјард.
Рак
Се што бара брзина, брзо одлучување и брзи реакции, ќе ја уништи природната потреба за мир на раковите. Мирната природа на овој знак најмногу може да издржи во пливање или едрење.
Лав
Лавовите сакаат борба, сјај. Идеални спортови за нив се кошарка или фудбал и тоа со статус на капитен.
Девица
За Девиците најдобри спортови се тенисот, мечување, а може и шах.
Вага
Скокови во вода или уметничко лизгање се најдобар избор за уметничките души.
Шкорпија
Најодбар спорт за Шкорпиите е сексот.
Стрелец
Било кој спорт е добар за луѓето од овој знак. Може да ги избегнуваат спортовите каде храброста може да дојде во искушение.
Јарец
Вистински спорт за Јарците е планинирањето.
Водолија
Вистински спорт за овој знак е параглајдерството и едрење.
Риби
Јогата или Пилатес се спортовите во кои Рибите можат да бидат успешни и од ученици лесно може да станат учители. Како друга алтернатива може да имаат и на ум стрелаштво.
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2021/05/SEMM.jpg)