Хороскоп карма!
Кармата е своевиден закон за причината и последицата која владее во материјалниот свет.
Постои добра и лоша карма и таа постојано се создава – со добри постапки се создава добра карма, а со лоши постапки се создава лоша карма. Хороскопот ви открива како секој хороскопски знак најдобро може да влијае на својата карма.
Овен
Потрудете се да бидете љубезни, топли и весели, и немојте да бидете премногу арогантни. Потрудете се да го проширите кај другите вашето добро влијание. Обесхрабрената личност секогаш можете да ја подигнете и расположите со својот оптимизам и мотивација.
Бик
Вие имате око за сето она што е убаво во материјалниот свет. Препуштете му се на својот ентузијазам, нека се види на секој чекор и подарете им љубов и на малите работи, колку и да ви се чинат мали. Животот е уметничко дело во постојана изработка.
Близнаци
Вие сте комуникаторот во Зодијакот. Слушајте ги и охрабрувајте ги луѓето да кажат што мислат и да се изразат на свој начин, како што најдобро знаат и умеат. Добро друштво сте за шопинг и разговор. И малата услуга може потполно да ви го промени животот, вашиот или туѓиот.
Рак
Вие знаете да направите луѓето да се чувствуваат како дома. Не морате да ги освојувате, но потрудете се навистина да се чувствуваат како дома, а тие ќе ви се отворат. Вашата емпатија и топлина може многу лесно да го избркаат чувството на самотија.
Лав
Живеете во центарот на вниманието, и кога со некој ќе го делите тоа место, или доброволно ќе го предадете местото на некој друг, тоа е голем подарок од вас. Вие ја поттикнувате самодовербата кај луѓето, како ниеден друг знак.
Девица
Практичноста и грижата за малите работи во животот се вашето второ јас. Вие можете без проблем да бидете таен шампион, од ониешто не се доволно ценети. Комплимент или убав збор од ваша страна имаат значително влијание.
Вага
Мир, тишина и хармонија се длабоко вкоренети во вашата срж, а тоа е она кон што тежнеат повеќето луѓе. Исто така, вие по природа гледате од две страни во секое несогласување, па луѓето чувствуваат дека можат да разговараат со вас, дека вие ќе ги разберете. Бидете тука за нив и сослушајте ги, на тој начин ќе ја предизвикате моќта за да постигнете добра карма.
Скорпија
Проблемот е или преголем, или итниот случај е премногу за вас. Вие сте цврсти и сочувствителни и можете да бидете со луѓето кога им е најтешко и кога никој друг не може. Го поднесувате она што другите не можат да го поднесат, покажете го тоа.
Стрелец
Вие живеете спектакуларен живот и не ве плаши начинот на кој светот и универзумот функционираат. Бидете со некого и советувајте го, утешете некого што е премногу попустлив за да се соочи со проблемите, и тогаш набљудувајте го како се зајакнува, учи и расте.
Јарец
Вие сте неуморен работник и најдобар пример за некого што оди напред и кога работите не функционираат како што треба и кога ви е тешко. Вашата работа и труд треба да ја претставите јавно, со ширење на кругот на познајници и тогаш само гледајте како луѓето доаѓаат накај вас поради инспирација.
Водолија
Вие сте агент на иднината. Вашата иновативна перспектива им дава надеж на другите. Секогаш и без исклучоци сте способни за план Б. Споделете го вродениот оптимизам со другите и гледајте ги како живнуваат полни со оптимизам.
Риби
Вие добро знаете што крие личноста длабоко во себе. Луѓето ви веруваат и сакаат да разговараат со вас. Заштитете ја својата нежност, но бидете тука за другите, за да ги ислушате и сфатите. За возврат ќе добиете, мирен и среќен живот.