Астро родители!
Астролозите велат дека вашата натална карта ни претскажува целосна слика за тоа како се однесувате спрема сопствените деца, но главната информација за тоа добива основа од вашиот хороскопски знак.
Овен – Ги бодрат своите деца, доаѓаат во конфликт со околината ако им е нанесена неправда и цврсто стојат на нивна страна. Ваквото однесување може да биде симпатично, но овните сепак би морале малку да го смират нивниот буен темперамент и да вложат напор да му влезат под кожа на нивното дете, наместо да инсистираат на сопственото мислење.
Бик – Како родители, биковите можат да бидат полни со љубов и подготвени да дадат многу, но ако детето им пркоси, кај нив обично проработува таа позната тврдоглавост и сакаат да се постапи на нивен начин. Бикот, инаку, има волја напорно да работи за неговиот подмладок да ужива во бројни раскошни работи кои според неговото мислење, се обележје на „добар живот“.
Близнаци – Припадниците на овој знак целиот живот ја задржуваат љубопитноста и стравопочитта кон светот кој чувствуваат дека нивните деца допрва почнуваат да го истражуваат. Кога стануваат родители, посветуваат огромно внимание во образување на нивните деца, уште во најраните детски денови, ги учат да читаат и пишуваат. А, кога децата ќе пораснат, тие се обидуваат заедно со нив да стекнат нови знаења.
Рак – Овој знак традиционално се поврзува со родителството. Меѓутоа, иако на мнозинството ракови им се допаѓа идејата да имаат дете, кога ќе се соочат со мало детенце од крв и месо, нивно притоа, тие често се збунети. Или поточно речено – имаат чувство дека се нашле во грда неприлика. Подоцна им е тешко да го сведочат процесот на созревање на нивните „птички“, кои кога-тогаш треба да го напуштат семејното гнездо.
Лав – Лавовите во улога на родители се обично подобри од сите други знаци, зошто се полни со љубов и многу се нежни. Зошто лавот е доминантен, владетелски знак, кога тоа е неопходно спроведува дисциплина меѓу своите потомци, но сака и да си игра со нив и може да им биде најдобар пријател. Лавовите одлично ги разбираат најмладите, поради фактот што и самите тие на извесен начин се уште деца.
Девица – Тие од своите потомци очекуваат перфекција и се склони кон претерана критичност, па би требало да ги зауздаат ваквите тенденции. Но тие сакаат за своите деца да направат безброј работи, да речеме: им купуваат облека, се грижат за нив, им подготвуваат специјални оброци и редовно им ја средуваат собата. Тие сакаат кај своите деца ја да разбудат желбата за учење и работни навики и во тоа обично успеваат.
Вага – Вагите се фантастични познавачи на социјалните кругови и вешти забавувачи, па нивните деца од мали стекнуваат фини манири и умеат да комуницираат со светот. Типични претставници на овие знаци се внимателни родители, подготвени во сè да ги поддржат своите наследници и не е ни чудо што тие клинци подоцна стануваат успешни на разни полиња. А најчесто го наследуваат и добриот изглед од нивните ваги-родители.
Шкорпија – Станува збор за луѓе кои во одредени ситуации можат да бидат крајно внимателни и целосно посветени на нивните синови и ќерки, а понекогаш се толку преокупирани со сопствените мисли, што едвај ги приметуваат. Па сепак, љубовта и приврзаноста која шкорпиите ја чувствуваат кон своите деца трае засекогаш.
Стрелец – Можат да бидат многу забавни родители. Сакаат да патуваат и често си ги носат и децата со нив. Со големо уживање им ги покажуваат знаменитостите и им раскажуваат интересни приказни за нив. Меѓутоа, понекогаш од своите деца очекуваат премногу – најдобри оцени, најголеми успеси, и затоа би морале да сфатат дека нивните деца, како и сите останати се ограничени суштества.
Јарец – Како што имаат големи амбиции за самите себе, така имаат и огромни амбиции и како родители. Тие секогаш ги охрабруваат нивните деца во учењето, и во раното заработување на сопствени финансии. Би морале да го земат предвид и фактот дека за најмладите подеднакво важна е и забавата.
Водолија – Родените во овој знак секогаш се заинтересирани за она што наѕира од нивните лични грижи – проблемите на човештвото, општото добро… Некои водолии поради таквиот став кон „виши цели“ ги занемаруваат плановите на нивните деца. Можеби би требало да почнат да размислуваат за тоа и од перспектива на детето.
Риби – Нежни и попустливи родители. Обично се креативни и ги интересираат духовни работи, па тоа го пренесуваат и на синовите и ќерките. Така им го збогатуваат животот. Но бидејќи често менуваат расположение, ваквото однесување некогаш ги плаши нивните деца и ги збунува. Би морале да се трудат да останат концентрирани на желбите на нивните деца.
Е.Н.