Астро часовник!
Каков е карактерот на личноста што седи до вас? Прашајте ја во колку часот е родена, па потоа прочитајте.
Од 0 до 1 часот по полноќ
Овие личности ги карактеризира агресивност во комбинација со издржливост. Околината мисли дека се тврдоглави и мошне горделиви бидејќи им недостига чувство за дипломатија. Доколку личниот хороскоп има добри аспекти, овие луѓе може да постигнат неверојатни нешта во својот живот.
Од 1 до 2 часот
Моќта, угледот и статусот значат сè. Токму поради тоа блиските личности на ваквите луѓе понекогаш се во втор план. Станува збор за успешни индивидуи кои располагаат со голема енергија. Успеваат благодарение на влијателни постари личности.
Од 2 до 3 часот
Динамични и способни за сè, лесно се справуваат со повеќе задачи, но истовремено и брзо губат интерес. Понекогаш знаат да бидат нетолерантни и избувливи.
Од 3 до 4 часот
Овие луѓе можете лесно да ги повредите затоа што се мошне чувствителни. Тие се посветени и уживаат во моментите поминати со своето семејство. Сакаат финансиска сигурност и добро менаџираат со пари.
Од 4 до 5 часот
Секогаш размислуваат за некоја конкретна цел. Концентрирани се и имаат силна волја. Затоа во секоја работа стануваат авторитет. Бидејќи понекогаш се случува повеќе внимание да им посветат на друштевните односи, паѓаат во депресија.
Од 5 до 6 часот
Најдобро се чувствуваат кога во хаосот воведуваат ред. Посветени се на детали и често трошат пари за непотребни работи. Одлично си ја завршуваат работата.
Од 6 до 7 часот
Шармантни и секогаш добро облечени, тие живеат во средени станови и се обиколени со пријатели. Најголемата опасност е во тоа што понекогаш многу мечтаат. Многу се љубезни и емоционалната сигурност најчесто им зависи од други луѓе.
Од 7 до 8 часот
Немаат влакна на јазикот, па слободно можат да кажат сè што мислат. Успехот на работа го достигнуваат така што се посветуваат на една цел и ја користат фантазијата. Не сакаат интриги.
Од 8 до 9 часот
Сакаат сè што е поврзано со движење и забава. Секогаш ги поместуваат границите и привлечени се од странци. Тие се родени авантуристи желни за нови нешта и предизвици.
Од 9 до 10 часот
Имаат потреба од постојана мотивација. Благодарение на големиот талент за организација и дисциплина секогаш успеваат во се што ќе посакаат. Добро се чувствуваат кога можат да им помогнат на луѓето.
Од 10 до 11 часот
За нив сите луѓе се исти. Нема класни разлики и секој го доживуваат рамноправно. Понекогаш ги привлекува окултното и се отворени за нови идеи. Бидејќи сакаат друштво најчесто се опкружени со искрени пријатели.
Од 11 до 12 часот
Посебно се успешни кога ја завршуваат работата далеку од лицето на другите. Тогаш постигнуваат најдобри резултати. Се додека знаат како да најдат интимно место во кое ќе ги завршуваат обврските ништо не може да им застане на патот.
Од 12 до 13 часот
Секоја работа ја завршуваат до крај. Разумот им помага да не трошат време на непотребни работи. Материјалната сигурност им е мошне важна. Многу ретко се самоиницијативни.
Од 13 до 14 часот
Мислењето на другите го сфаќаат мошне сериозно. Затоа мислат дека сè што е речено се однесува на нив. Ја прифаќаат онаа вистина за која самите мислат дека е исправна.
Од 14 до 15 часот
Му остануваат верни на животниот партнер понекогаш и на своја штета. Но, доколку сфатат дека во неговиот живот не заземаат централно место си заминуваат. За децата се подготвени да жртвуваат сè.
Од 15 до 16 часот
Срдечна личност која зрачи од самозадоволство. Но, знаат да бидат нервозни ако бидат одбиени. Бидете попустливи кон нивниот гнев. Така ќе избегнете агресивни, остри зборови и навреди.
Од 16 до 17 часот
Парите имаат важна улога за нив. Затоа мислат дека во првата половина на животот треба да се добие што повеќе. Во сето ова добро доаѓа нивната способност да се издигнат над секојдневието и ситните измами, како и можноста да се погледне на работите однапред.
Од 17 до 18 часот
Во принцип се многу практични личности кои успешно можат да се справат со луѓето кои се противат на нивните планови. Во исто време понекогаш се заслепени од деталите па самите си поставуваат пречки на патот до успехот и стагнираат.
Од 18 до 19 часот
Само во комбинација со други можат да ги постигнат своите цели во животот. Во пријателствата, им треба многу трпение да се справат со себе. Најголемата опасност лежи во фактот дека нивниот партнер може да постави високи барања кои на долг рок не може да ги исполнат.
Од 19 до 20 часот
Нивната склоност кон ризик им овозможува добро да се котираат во друштвото. Поради својата сексуална енергија тешко се справуваат со долги врски, па затоа им се препорачува се што прават да прават умерено.
Од 20 до 21 часот
Секогаш се интригирани од нови и непознати работи. Животен еликсир им се патувањата во далечни и егзотични земји. Полни се со ентузијазам, но не и со верност.
Од 21 до 22 часот
Од страв дека некој ќе им наштети, често се бавни и инертни. Но, кога ќе се опуштат се полни со многу топлина и сочувство. Големо внимание посветуваат на видливи докази за љубовта и се изненадени ако работите не се онакви како што тие очекуваат.
Од 22 до 23 часот
Екстремно интелигентни и често мислат поинаку од другите Затоа може да си направат проблем бидејќи секогаш се во предност пред околината. Се препорачува да бидат помалку арогантни.
Од 23 до 24 часот
Родените во ова време имаат интерес за окултни активности. Во секојдневниот живот не им се допаѓа компромисот. Нивното мото е “сè или ништо”, а во љубовта се склони кон посесивност и љубомора.