Филмска вечер за секој знак : Овенот сака акција а близнаците драма!
Овенот сака акција и романтични комедии
Овенот е љубител на сите филмови кои содржат акција и спорт но нема да се буни и кога е во прашање авантура. Меѓу најомилените филмови му се Џемс Бонд и тоа оној со Пирс Броснан. Понежниот пол преферира класични романтични комедии како што е “Развод” со Џенифер Анистон и Винс Вон во главните улоги но и класични акции како„ Умри Машки“.
Бикот преферира филмови во кои има насилство
Филмовите со многу насилство и секс се сигурно содржини кои ќе го заинтересираат овој знак. Ги сака остварувањата на Квентин Тарантино а освен акциони филмови сака и хорор. Неговиот филмски вкус не застанува на тоа бидејќи сака и црно бела класика, особено оние со Чарли Чаплин. Ке се смени бикот кога ќе стане родител па тогаш повеќе ќе посегне по цртан филм како Потрагата по Немо и мирни семејни драми.
За близнаците психолошката драма е најдобар избор
Бидејќи се интензивен знак, близнаците, најмногу уживаат во психолошките драми како што е „Вечниот сјај на беспрекорниот ум„. Освен драми, сакаат и еротски филмови како „Девет и пол недели “. Најмногу ќе ги заинтересира комедија која мора да биде многу смешна за да го задоволи нивниот вкус. За нив дефинитивно не се акциони филмови.
Ракот сака документарци
Овој многу емотивен и женски знак најмногу ужива во емотивни филмови како љубовни драми и комедии. Филмот „Насмевката на Мона Лиза“ каде главната улога ја толкува Џулија Робертс е идеален за секој рак. Освен љубовни ракот сака и историски филмови, како и документарни бидејќи од нив може нешто да научи.
Лавот ќе избере љубовен филм
Нема никогаш да го признае, но лавот е таен емотивец. Љубовните филмови секогаш го развеселуваат и допираат а меѓу нив се “Љубовна приказна” со Рајан О Нил и “Време за нежност ” со Џек Николсон. Ги сака и комедиите со Чарли Чаплин. Многу лавови го сакаат Клинт Иствуд па ни со неговите филмови нема да згреши. Расположени се да погледнат и акција но ако можат да избираат тоа ќе биде сепак љубовен филм или комедија.
За девиците се филмови во кои животните имаат главна улога
Практичната девица може да се прилагоди на секој жанр и сака да гледа скоро се. Сепак особено и се допаѓаат филмовите со животни во главните улоги и филмови со научна фантастика како “2001: Одисеја во вселената”. Освен филмови за забава тука се и документарните филмови кои девицата ги обожува и секогаш ќе ги избере нив наместо комедија.
Комедијата е идеален филм за вагата
Големото срце на вагата најмногу се радува на смешни филмови со животни. Ужива и во цртани филмови кои сака да ги гледа со најмладите како “Ледено време”. Но вагата сака и филмови за душа, љубовни и научно фантастични, како”Легенда” со Том Круз што ја прави одлично друштво за гледање на филмови.
За скорпиите вистинскиот избор е хорор
Скорпијата е секогаш таинствена и мистериозна па и нејзиниот избор на филмови е таков. Добрите хорор филмови како “Ноќ на живи мртовци” или “Тексашкиот масакр со моторна пила” секогаш се нивен избор. Освен хорор уживаат и во добри комбинации на акција и смеа како “Играј ја својата игра”. Освен овие жанрови скорпиите ги сакаат и вечните класици, како вестерн.
Стрелецот избира авантуристички филмови
Стрелецот е љубител на авантуристички филмови во кои преовладува акција, како неодминливиот Џемс Бонд. Сака да гледа и филмови со преубави панорами па затоа ќе избере документарен, за патувања во далечни краишта. Обожува комедии и слатко ќе се насмее на инспектор Клузо во „Пинк Пантер“.
Сите филмови на Вуди Ален доаѓаат во предвид кај јарецот
Јарецот е знак кој сака лакрдии како „Врисок“ но го привлекува и научна фантастика „Звездени патеки“ или „Војна на ѕвездите“ кои се легендарни. Нивен омилен режисер е Вуди Ален па затоа и неговите филмови му се најомилени.
Водолијата сака култни филмови
Кај водолијата ништо не е обично, па така ни филмскиот вкус. Сака култни филмови “Роки” и “Терминатор”, но и визионерски филмови за иднината. Го обожуват Алфред Хичкок и неговите “Птици” или “Психо”. Филмовите со катастрофи исто така ќе ја расположат секоја водолија.
Рибите сакат филмови за деца
Рибите уживаат во лесни и интересни филмови како романтични комедии, авантуристички филмови но и оние култните како „Форест Гамп“. Сакаат филмови за деца како што се “Хари Потер и “Ледено време“.