Како се лутат и расправаат хороскопските знаци?
Некои хороскопски знаци се многу агресивни и на отворен начин ја искажуваат својата лутина и бес,имаат брз јазик,веднаш реагираат и без размислување се впуштаат во расправија. Некои други се смирени,промислени и не влегуваат така лесно во кавги.
Овен
Како претставник на огнените знаци Овенот има краток фитил. Во состојба е да се разбесни и поради најмала ситница а секоја навреда ја доживуваат како напад на сопственото его. Неговите напади на бес се бурни. Овенот црвенее,беснее,вика но веќе во следниот момент се заборава и се претвора во вистинско јагне.
Бик
Бикот е земјен знак и тоа го прави многу трпелив. Некој би помислил дека е во состојба да трпи и додека некој му скока на глава но тоа и не е баш така. Вистина е дека никој нема нерви како што има Бикот но кога еднаш ќе се изнервира не е ни малку згодно да се биде во негова близина. Поради тоа на сите се советува да не го пречекоруваат прагот на неговото трпение а ако тоа и го направат да бегаат веднаш колку што ги носат нозете.
Близнаци
Како воздушен знак Близнаците се многу интелигентни и хиперактивни. Немаат напади на бес и паника но ако се изнервирани на противникот ќе му врати бирајќи вистински зборови во желба да го надмудри но претходно ќе ја процени ситуацијата за да биде сигурен дека кавгата нема да наштети на неговиот интерес. Брзо се одлутува бидејќи се води со логика и разум и не прави проблеми таму каде би можел да има корист. Својата нервоза ја лечи со слушање гласна музика.
Рак
Ракот воопшто не ги троши своите нерви на другите и ништо не може да предизвика паника во него. Тој се грижи и размислува зошто се изнервирал и што било причина за тоа но ретко има изливи на бес. Го собира гневот во себе а се лечи со одење во кафеана и теретана. Никогаш не реагира брзо но ќе ја искористи секоја прилика на противникот да му приговара за тоа што се тој поради него морал да проживее.
Лав
Како и останатите огнени знаци Лавовите се експлозивни но не во толкава мера како Овните. Многу се нервозни но и тие после некое време забораваат и преминуваат преку тоа. Лавот реагира еднаш и ги побива сите со аргументи. Бидејќи е правичен знае и да попушти ако види дека згрешил но со обѕир на тоа дека во суштина не сака расправии сепак ќе ја истера својата волја и на крај ќе биде по негово.
Девица
Таа се смета за најсмирен знак во Зодијакот. Максимално се контролира и свесна е за секој свој збор и постапка па како таква ретко да зборува лошо или пак да кажува псовки. Ги задржува емоциите,има убав однос и премногу е културна за отворено да го покаже своето незадоволство а секогаш е незадоволна. Ги смирува нервите со читање книга и слушање музика дома или во кафеана а поради криењето на лутината со текот на годините станува депресивна. Ако смета дека згрешила или претерала веднаш ќе се извини.
Вага
Вагата се труди да не се нервира или барем тоа што подобро да го прикрие. Ја погодуваат секакви ситници а кога ќе сфати дека со часови се лутела без причина ќе почне да се додворува и внимава на вас за да ве одоброволи. Максимум на нејзиниот бес е да се заврти и да замине бидејќи нејзината дипломатска црта на карактерот не и дозволува да влегува во кавги.
Скорпија
На скорпионот не му треба многу за да се налути. Најпрво почнува да провоцира и секогаш е подготвена и на ниски удари. Потоа следи навала од псовки,навреди,а понекогаш е во состојба и физички да го нападне оној кој ја разбеснил,тоа нема да и биде доста бидејќи мора да га задоволи и својот осветнички нагон па после ова сценарио ќе кове план како да се освети. Таа трпеливо чека од некое ќоше и бара вистински момент за својата отровна освета.
Стрелец
Стрелецот во главно ги кине нервите на лето околу себе бидејќи обично го кажува тоа што мисли и кога никој ништо не го прашува. Кога ќе се изнервира потполно е непредвидлив,она што е сигурно е дека кога еднаш ќе го изнесе својот став не го менува,но истовремено е можно ладнокрвно да каже што мисли без желба за кавга или да искрши се околу себе – да псуе,вика и крши предмети по дома.
Јарец
Дисциплинираниот и организиран Јарец максимално се контролира и се труди да не се разбесни. Но ако на крај не успее во состојба е да прави гужва и викотница и со денови да не се смирува. Меѓутоа поради добрите односи со околината спремен е на отстапки иако има нагон секогаш се да биде по негово. Знае да биде многу незгоден доколку се почувствува загрозен и оди од крајност во крајност – кога еднаш ќе ве отпише знајте дека тоа е засекогаш и без можност за друга шанса.
Водолија
Лесно се налутува но но брзо и заборава. Се лути кога се почувствува дека некој и ја одзема слободата или дека некој се сомнева во неа. Бидејќи мисли дека се знае најдобро сака на другите да им соли памет и да им зборува дека никој не може да управува со нивната личност. Крие од другите кога е повредена а тогаш станува најопасна – спремна е на агресија и освета.
Риба
Рибата е пречувствителна се прифаќа лично и поради тоа често е намуртена. Постојано го менува расположението не знае што сака но знае што не сака. Кога некој ќе се обиде да и помогне во некоја одлука е исто така нешто што може да ја разлути. Рибата во главно својата лутина ја задржува за себе што е лошо за неа бидејќи тоа подоцна ја води во депресија и тага. И кога се расправа не е злонамерна а ако им се извините се ќе заборават.