Идеален одмор според зодијакот!
Пред да го испланирате одморот прочитајте која дестинација најмногу одговара на вашиот хороскопски знак,можеби токму тоа ќе ви биде инспирација за летување.
Овенот сака активен одмор
Овенот не е љубител на излежување на плажа туку одморот го замислува како активна авантура. Тој сака да истражува и да планинари а најмногу ужива во не многу популарните дестинации кои сака да ги запознава дружејќи се со домашното население. Го привлекуваат дворци и тврдини а идеални места за Овенот се Македонија,Мадагаскар,Италија и Франција.
Бикот бара гурмански дестинации
За Бикот уживањето во локалните специјалитети е одмор од соништата. Овој гурман ја обожава храната,пазарите и работилниците на стари занаети. Сака да ги испробува старите специјалитети но и да учествува во нивната подготовка. Поради тоа и го привлекуваат дестинации како што се Турција,Грција,Бразил и Швајцарија.
Близнаците ги привлекува гламур и мода
Омилена активност на Блзинаците е шопинг. Тие исто уживаат во високата мода како и во распродажбите. Освен тоа сакаат галерии музеи а ги привлекува гламурот. Најважно им е да бидат видени а идеални дестинации им се Кина,Јапонија,Аргентина,Канада и Австрија.
Ракот ужива во скриено катче
Ракот сака места скриени од погледите на јавноста во кои може несебично да ужива. За него годишниот одмор значи излежување на плажа или читање во прекрасна градина а сето тоа сака да го овековечи со фотографии. Идеални места за создавање спомени се Мароко,Норвешка и Јужноафриканската Република.
Кралство за Лавот
Лавот о привлекуваат места со богата историја а особено внимание посветува на кралските резиденции и палатите. Тој сака дестинации за богати и не стравува да ја испроба својата среќа на лотарија. Го покренува адреналинот и можната добивка а вродената активност го тера да види што повеќе од тоа. Идеални дестинации за Лавот се Шпанија,Унгарија,Сингапур и Саудиска Арабија.
Девицата бара духовен мир
Пребирливата Девица е воодушевена од дивината,планините и храмовите.Најмногу ја привлекуваат верските центри и одредениот мир кој се врзува за нив па за овој знак идеални дестинации се Индија,Мексико,Велика Британија и Бугарија.
Истражувачкиот одмор е идеален за Вагата
Вагата не ја интересира традиционален годишен одмор таа во се гледа единствена можност за стекнување нови знаења и запознавање на интересни луѓе. Сака едукативни излети,антикварници а особено ги привлекуваат центрите за истражувачка работа. Исто така не можат да одолеат на водопадите а идеални дестинации за неа се Финска,Шведска,Русија и Иран.
Активната Скорпија ужива во добро друштво
Скорпијата како и Ракот ја привлекуваат изолирани плажи а одморот не можат да го замислат без море или река. Сака активен одмор но о одбрано друштво. Одморот го користи како можност да ја подобри својата телесна кондиција а идеални дестинации за овој воден знак се Португалија,Африка,Скандинавија и Египет.
Стрелецот го привлекуваат спортски арени
Стрелецот е вистински спортски обожавател па така ги бира и дестинациите за годишен одмор. Сака спортски натпреварувања и стадиони а бидејќи и самиот активно се занимава со спорт најважно му е во хотелот кој го резервирал да има теретана. Идеални дестинации за него се Германија,Полска,Израел и Велика Британија.
Јарецот обожава музички фестивали
Јарецот не ја поднесува зимата па годишниот одмор го поминува во топлите краишта. Сака разни активности од спорт до разгледување и ќе се обиде одморот во целост да го искористи. Го привлекуваат музички фестивали на кои може да се опушти а идеални дестинации за него се Кипар,Грција и Ирска.
Водолијата не се враќа дома без добра книга
Водолијата не е склона кон типичен годишен одмор најважно и е патувањето да е оригинално. Ја привлекуваат библиотеки,новинарски куќи и универзитети а од одморот никогаш не се враќа без добра книга. Идеални дестинации се Белгија,Сардинија,Тунис и Мароко.
Рибите не можат без вода
Рибите не можат без море или базен а совршен одмор за нив значи пиење коктели,сончање на плажа и жешки ноќни излегувања. Тие сакаат туристички места каде можат да запознаваат интересни луѓе а идеални дестинации за нив се Нов Зеланд и бреговите на САД.