Јулски астро водач за заведување!
Влеговме во најсончевиот месец во годината затоа дознајте кој е најдобриот начин да го заведете ова лето..
Овен
Искористете максимално тоа што е полн со енергија и испланирајте напорно пешачење. Негова идеја за забава е „добро да се испоти со вас во природа“.
Бик
Тој се чувствува друштвено. Организирајте групно случување,така што целата екипа да биде вклучена.
Близнаци
Нафрлувајте му се на отворено. Ќе го воодушеви вашта храброст.Само потрудете се да најдете „добро скриено место“.
Рак
Тој овој месец се труди да го импресионира шефот. Зајакнете ја неговата самодоверба така што ќе навивате за него во спалната соба и надвор од неа.
Лав
Тој ве сака само за себе. Планирајте неколку заеднички денови дома и минувајте време слушајќи ги своите и неговите омилени песни.
Девица
Овој месец работата целосно ќе го обземе. Дружете се со вашите другарки а со него повторно ќе се зближите без и малку мака.
Вага
Тој сака да ве импресионира со сите кул работи кои ги знае. Бидете трпеливи и слушајте – дури и ако веќе ги знаете сите одговори.
Скорпија
Тој копнее за вашето комплетно внимание. Направете коктел само за него. Нека почне миксувањето!
Стрелец
Неговото либидо е надвор од контрола инспириран со мирисот од жешките летни ноќи. Спремајте се за забава во кревет.
Јарец
Ја знаете песната ,,Your Body is a Wonderland“? Тој тоа го чувствува кон вас овој месец. Уживајте во неговата несебичност и возвратете со иста мерка.
Водолија
Тој мисли на здравјето. Одете заедно во теретана и поддржете го неговиот стил на живеење. Тој ќе ви изрази благодарност на друг начин.
Риби
Тој сака да го прошири својот ум. Посетете го заедно новиот кул доктор. Веселите шеги ќе ве зближат.