Каква е физичката привлечност на секој хороскопски знак?
Во наредните редови ќе можете да откриете за физичката привлечност што ја поседува секој хороскопски знак.
Овените се физички јаки со изразени црти на лицето
Вообичаено се спортски градени. Најчесто имаат темен тен, имаат често рамна и густа црна или црвена коса. Нивниот изглед остава впечаток на енергичност. Не се склони кон дебелеење.
Симетрично лице и полни усни се карактеристични за Биковите
Физички гледано, припадниците на овој знак имаат симетрично лице, заоблен и убав нос, полни усни и сјаен тен. Телото им е пропорционално па ако се здебелат добиваат секаде помалку. Нивниот изглед остава впечаток на мекост и истовремно енергичност.
Изразените очи го красат насмеаното лице на Близнаците
Многу се динамични, секогаш се во движење, а токму така и изгледаат. Лицето им е експресивно и делуваат млади, а очите им се многу изразени. Имаат прилично долги раце и нозе, обично се витки и изгледаат грациозно. Имаат неизразен струк. Лесно се пронаоѓаат во многу стилови на облека.
Раковите имаат изразен нос и високо чело
Имаат округло лица и истакнати јаболкници, но, и впечатлив нос. Брадата им е округла, косата темна и не премногу густа. Иако кога се млади се витки, голем дел од нив по триесетите се дебелеат.
Широкото чело и густата коса се одлики на правиот Лав
Лавовите лесно може да ги забележите. Густа и сјајна коса се заштитен симбол за нив. Ги краси и широко чело и убаво обликуван нос. Изразено силна мускулатура имаат. Сакаат тренди облека.
Витка става и нежни црти на лице ја красат Девицата
Прилично се витки, а ако се здебелат обично тоа се забележува кај рацете и во стомакот. Телото им е симетрично и складно, исто како и лицето. Имаат нагласени јаболчници, обично бираат елегантни и неупадливи комбинации.
Овално и шармантно лице има Вагата
Припадниците на овој знак обично имаат овално лице. Имаат впечатлива боја на очи. Долниот дел од телото им е појак од горниот. Сакаат секогаш да изгледаат убаво.
Широки рамена и фантастични очи ја красат Шкорпијата
Цврста физичка конструкција, дури и ако се слаби, припадниците на овој знак изгледаат јако и високо. Имаат широки рамена. Лицето им е впечатливо и сензуални усни се нивна карактеристика. Косата најчесто им е смеѓа и густа. Сакаат да изгледаат убаво, не сакаат ништо што е нападно.
Стрелците имаат најубава фигура во целиот Зодијак
Најчесто се високи, спортски градени, а тие природни благодети може сами да ги расипат уживајќи во храната. Обично имаат малку долгнавесто лице, изразени сини или зелени очи. Сакаат спортски изглед.
Јарецот има елегантен и долг врат
Иако изгледот на припадниците на овој знак изгледа малку неутрално, сепак имаат нешто со што успеваат да се истакнат. Најчесто се ниски и со средна висина, а очите им се изразени. Профилот на лицето им е заоблен, имаат впечатлива насмевка и убави заби. Сакаат убава облека но не и вулгарен изглед.
Водолиите се склони кон дебелеење
Припадниците на овој знак се со средна висина, со полно лице и светол тен. Ако се дебелат, тоа го прават по 30-тите. Имаат убави нозе. Убави очи и мекана уста. Облеката не игра голема улога за нив.
Рибите се привлечни и со убава кожа
Одличен тен, мека кожа и убави црти на лице. Лицето име округло или овално, а косата јака и густа. Горниот дел од телото им е обично потенок од горниот. Очите се најубавиот дел кај Рибите.