Хороскопските знаци и шминка
Во продолжение прочитајте ја статијата која ви кажува каква шминка одговара на вашиот хороскопски знак.
Овен – Жените родени во знакот на Овен се важни,храбри и аватуристки. Тие се директни а нијанси кои им одговараат се силни бои. Со карактерот кој го имаат најдобро би било да изберат силна црвена нијанса на кармин.
Бик – Овие девојки се издржливи,го сакаат животот и го живеат со полни гради. Понекогаш се тврдоглави а нијансата која им одговара е berry нијанса или црвено виолетови комбинации на кармин и сјај за усни.
Близнаци – Тие се отворени,зборливи,шегаџии но и многу се паметни и сакаат да дојадат до израз. Според тоа најдобри нијанси за кармин им се боја на праска која совршено им одговара.
Рак – Раковите се посветени на семејството и многу се емотивни. Кај нив расположението се менува со оглед на времето а најдобри нијанси за нив се природни и неутрални нијанси на кармин. Најдобро е да одберат нијанса со боја на кожата.
Лав – Лавиците се родени шефови и сакаат да имаат контрола. Сакаат да бидат во центарот на вниманието и понекогаш се заповеднички расположени. За нив идеална боја е розовата бидејќи добро ќе се слага со нивниот карактер.
Девица – Тие се перфекционисти и многу се организирани и вредни. Кај девиците мора да се одвива се како што замислиле а ако се тргне од тој пат можат да бидат досадни. За нив идеални се светликави и проѕирни металик нијанси на кармини и сјаеви за усни.
Вага – Вагите се стабилни и ги сакаат луѓето. Интелигентни се но често попуштаат кога е другата страна во прашање. За нив идеални се романтични и проѕирни нијанси но можат да изберат и темно црвена нијанса на кармин.
Скорпија – Тие се мистериозни,сексапилни и одлучни. Сакаат да имаат контрола а често знаат да бидат и осветнички. Ним им одговара темно црвена нијанса која е на самата граница со кафеави тонови.
Стрелец- Стрелците се безгрижни,весели и ведри. Сакаат луксуз но понекогаш знаат да бидат нестрпливи. За нив идеална нијанса е беж боја.
Јарец – Јарците имаат натпреварувачки дух и се храбри. Тие се амбициозни и мотивирани и знаат да се изборат за тоа што го сакаат. За нив идеална нијанса е розова боја на кармин.
Водолија – Водолиите се откачени,оптимистични и неодговорни. Сакаат пријателства и често не го разделуваат пријателството од љубовта. Оригинални се и иновативни па идеални за нив се смирувачки бои,неутрални и проѕирни.
Риби – Тие се сочувствителни и внимателни а со самото тоа и креативни,емотивни и фантазери. Понекогаш знаат да бидат таинствени а склони се кон сонување па знаат да бидат и неодговорни. За нив идеална е силна боја на кармин.