Планирање на викенд според хороскопските знаци!
Еве што велат хороскопските знаци околу начините на подготовки на еден викенд:
Овен
Основни карактеристики – импулсивни луѓе кои сакаат да се забавуваат. Мора да бидат лидери во групата.
Омилени викенд планови – брза и динамична активност како бар хоппинг (по една пијачка на екс во што повеќе барови) би го задоволила нивниот краток распон на внимание. Брзо им треба промена!
Бик
Основни карактеристики – сензуални и практични, биковите сакаат едноставни работи, но сакаат да живеат удобно.
Омилени викенд планови – разгледување на следната голема инвестиција, посета на уметничка галерија или саем.
Близнаци
Основни карактеристики – зборлести и духовити, близнаците се жедни за знаење, но и за енергичен живот полн со забава.
Омилени викенд планови – читање списанија и разговарање со пријателите.
Рак
Основни карактеристики – грижливи и носталгични. Раковите ја ценат традицијата, а семејството секогаш им е во срцето.
Омилени викенд планови – подготовка на домашна вечера или правење скара за пријателите и роднините.
Лав
Основни карактеристики – драма кралеви и кралици, лавовите сакаат да бидат во центарот на вниманието, но тие исто така можат да бидат и дарежливи, со топло срце, и над сите, страсни.
Омилени викенд планови – играње друштвени игри, победување и добивање на аплауз од сите кои се вклучени.
Девица
Основни карактеристики – детални и фокусирани, девиците се во постојана потрага по совршенство и знаење.
Омилени викенд планови – читање книга, прошетка со домашното милениче, планирање на активностите за претстојната недела.
Вага
Основни карактеристики – знак на хармонија и партнерство, вагата е социјална, се стреми кон рамнотежа, а често е и талентирана за уметност.
Омилени викенд планови – посета на свирка, концерт или изложба.
Скорпија
Основни карактеристики – мистериозни и љубопитни, скорпиите се родени детективи, но најголемиот дел од својот живот го кријат од другите. Ако копате под нивната површина ќе најдете интензитет, страст и сила.
Омилени викенд планови – прошетки и истражување на непознати предели, откривање на нови места, но не предалеку од домот.
Стрелец
Основни карактеристики – импулсивен, филозофски и оптимист по природа, стрелецот е секогаш во движење и во постојано размислување.
Омилени викенд планови – непланирано планинарење, прошетка или спортска активност.
Јарец
Основни карактеристики – амбициозни и сигурни, јарците секогаш се трудат да стигнат до врвот, а со нивната совесна и трпелива природа, тоа најверојатно и ќе го направат.
Омилени викенд планови – планирање на следното освојување додека џогираат.
Водолија
Основни карактеристики – ексцентрични индивидуалисти , секогаш во старите работи гледаат нешто ново и корисно. Изненадувачки совесни.
Омилени викенд планови – непланирано патување.
Риби
Основни карактеристики – чувствителни и уметнички души, рибите имаат развиена фантазија.
Омилени викенд планови – релаксирање во спа центар, во природа, но дури и во бар.