Хороскопските знаци и нивните стилови
Некому облеката е најважна, други воопшто не берат гајле за неа, едни имаат стил, други ја следат модата, но сепак како и да е облеката не опишува. Но еве што велат астролозите.
Овен
Жената родена во знакот Овен го сака спортот, брзото возење, и често ќе ја сретнете во машка професија. Им се допаѓа воениот стил, панталоните, маичките и спортските јакни, сите видови на тренерки, патики и џинс. Нема проблем со линијата (освен ако Венера не е поставена во знакот на Бик), често има убави нозе, кои ги открива со бермуди или кратки панталончиња, но не и со минисукња. Овие жени сакаат кратка коса, а омилената боја им е црвена. Омилен материјал – волна.
Бик
Родените во знакот на Бик ја сакаат традицијата, природата и домот. Обично се одлични готвачки, со посебен акцент на печените меса, па женските облини се чест случај, Сака истовремено практични и рафинирани нешта, добро и прилегаат потенки материјали, оние кои лесно паѓаат па нејзините помали или повеќе изразени облини не се оцртуваат. Имаат убав врат (и глас) и не поднесуваат шалови, марами, ѓердани, а доколку ги носат, накитот е спуштен за вратот да се гледа. Често ќе ја видите облечена во нежни бои, зелена, смарагдна, бела, пастелно жолта или пастелно розова. Креатор роден во овој знак е Валентино.
Близнаци
Тоа се најмладоликите жени во Зодијакот. Се до зрелите години би можела да ја менува гардеробата со својата ќерка, форсирајќи го стилот Лолита. Интелектуално љубопитна, комуникативна и духовита, жената Близнаци е родена монденка. Нема отворање на изложба или настан без таа да е присутна, а често тоа и го наложува и професијата. Најчесто ќе ја сретнете во маркетинг агенција, меѓу новинарите, или како раководител на односи со јавноста. Има квантитативно богата гардероба, ретко ќе ја сретнете двапати во ист фустан. Постојаната желба за нешто ново често и го растресува буџетот. Има убави раце, од накитот ги сака алките. Материјалите кои ги избира најчесто се синтетички наместо природни. Близнаците ги сакаат сите флуоресцентни бои, но и жолтата. Моден креатор роден во овој знак е Фјоручи.
Рак
Носи рамни чевли со панделка и одлично и стојат! Пожртвуваната мајка и сопруга често ќе ја видите облечена како девојче. Сепак, Ракот ги сака чипките, сукњи стегнати на струкот, волан карнерите, како и фустаните во комбинезон крој со тенки бретели со кои го истакнува убавото и често пополнето деколте. Нејзините бои се боите на Месечината (која е нејзин владетел): бисерно белата, седеф, сребрена. Моден креатор роден во овој знак е Армани.
Лав
Во друштво ќе јаде јастог или кавијар, наместо кафе ќе пие шампањ, а облеката не само што ќе мора да е потпишана од славен креатор туку ќе треба да биде и најскапа. Ќе ја препознаете по златото со кое е често закитена, вистинско или имитација, или пак е завиткана во свила уште од утрото. Најчесто има убава бујна коса.Омилена боја и е секако златната, жолтата, евентуално и портокаловата. Моден креатор роден во знакот на Лав е Ив Сен Лорен.
Девица
Врзана е за општествените конвенции па оттука ги почитува класичните правила на облекување. Нашата Пепелашка има некоја шанса доколку Венера или Асцедентот се во знакот на Вага или Лав. Девицата го сака се она што е практично и корисно, а тоа во нејзиниот случај значи облека која има џебови и големи чанти од кои има цела колекција. Ги сака кусите јакни и фустаните со ситен цветен дезен,исто како и колеџ стилот. Често ќе ја сретнете и во рамни мокасини и шкотска сукњичка. Нејзина боја е сенф жолтата и кобалт. Креатор роден во знакот на девица е Том Форд.
Вага
Вагите го сакаат префинетиот стил од типот на Катрин Данев или Гвинет Палтроу, ја сакаат свилата, ленот, памукот, односно природните материјали. Избираат чевли со одличен квалитет но наједноставен модел, во темна боја и без украси. Боите за вагите се нежни сомотски, есенски, боја на мед, на старо злато, ништо дречливо ниту упадливо. Моден креатор роден во знакот на Вага е Џамамото.
Скорпија
Ќе ја познаете по продорниот поглед, по длабоките очи со кои ве соблекува, таа ја сака – суштината. На голема љубомора на стандардните убавици, тешко кој маж може да одолее на нејзиниот посебен магнетизам. Затоа може да се облекува како што сака, и тоа и го прави. Најмногу ја сака црната боја, облека која личи на долна облека, корсети и фустани со комбинезон крој, кожни панталони, долги сукњи со голем шлиц, проѕирни кошули но и ориентални комплети. На Скорпијата и одговара мода со многу низок струк. Моден креатор, Стефано Габана.
Стрелец
Амазонка и истражувач на Северниот пол (макар и само во фантазијата), голема патничка и спортистка, жената Стрелец се одликува со убедливо најубави нозе. Оттука мини сукњите и високите чизми и се омилени. Таа е динамична жена која знае што сака, а нејзините убави нозе често се и покриени со панталони зашто и се удобни за патување и спорт. И одговара спортска и етно гардероба, но немојте да се изненадите и ако ја сретнете во сари – тоа е само нејзин сувенир од патувањето. Кафена, црвена, виолетова – тоа се нејзините бои, а креатор роден во овој знак е Алесандро дел Аква.
Јарец
Не ја следи модата зашто нејзината потреба за автономија би страдале пред било каков диктат. За себе го сака тоа што го заслужува, значи врвен квалитет, а тоа се однесува и на облеката. Таа главно е елегантна жена, а чантите и се слабост. Дел од телото кое го симболизира ЈАрецот е ‘рбетниот столб, оттука кралското држење и честата тенденција на голиот грб. Бои: црна, бела и црвена. Моден креатор: Рафаел Куриер.
Водолија
Ќе ја сретнете во маички со различни пораки, со ликот на Че Гевара, ја обожава бижутеријата а се шминка само понекогаш. Како да земала нешто од на себе спротивниот знак, Лав, сака се што сјае и блеска, синтетички материјали како лурекс, шљокици, кристали, материјали чија боја се прелева, свила…Сака перја на облеката но и техно стил. Нејзина боја е сината во сите нијанси, зелената и сите метални бои. Креатор, Криција.
Риби
Дел од телото кое ги симболизира Рибите се стапалата, и кога би можеле би носеле што поотворени сандали дури и во зима. Буџетот им трпи заради колекцијата на чевли. Заради својот владетел, Нептун, го обожаваат изгледот ала сирена, и воопшто се што има врска со морето. Нивната романтична природа им наложува чипки, муслин, ѕвонасти здолништа…Рибите не ја штедат фантазијата ниту парите за да се облечат како ниедна друга, и главно успеваат во тоа. Оригинални се. Нивните бои се циклама, розе, бела, сребрена, светло сина.